Групата за стратегија и Комисијата за Формула 1, денес, 17 Aприл, во седиштето на ФИА во Париз, се состанаа во присуство на претседателот на ФИА, Жан Тод, и Чејс Кери, главен извршен директор на Формула 1. Беа одржани позитивни и конструктивни дискусии во врска со иднината на Формула 1.
Прво, во врска со техничките прописи за сезоната 2019, беа договорени следните измени, во согласност со одобрувањето на Светскиот совет за моторни спортови:
• Горивото што возачите го имаат на располагање за време на трката се зголемува од 105 на 110 кг, за да нема потреба од негово штедење;
• Тежината на болидот се одделува од тежината на возачот;
• Сите возачи ќе носат биометриски ракавици за да ја зголемат безбедноста и да го олеснат медицинското спасување.
Дискусиите ќе продолжат за предлозите поврзани со аеродинамиката, со цел да се донесе одлука до крајот на Април, откако ќе заврши истражувањето што го спроведува ФИА, во консултација со тимовите.
Второ, ФИА ги презентираше своите предлози за регулативите за 2021 Погонските Едници:
• 1.6 литарски мотор;
• V6 турбо хибрид;
• Отфрлање на комплексниот систем за обновување на издувната енергија (MGU-H).
Техничкиот оддел на ФИА ќе се состане со сегашните и потенцијалните производители на ПЕ, за да разговара подетално, со цел прописите за 2021 година да се донесат до крајот на Мај.
НАЈНОВА ВЕСТ: ДОНЕСЕНИ ПРАВИЛА ЗА 2019 ГОДИНА И ПРЕДЛОЗИ ЗА 2021 Ф1 СЕЗОНАТА
4/17/2018 09:22:00 PM
0
Share to other apps