Значи, она што според редоследот и временските разлики на табелите, значи јасна предност на Ферари, тоа не е така во реалноста. Со тоа уште еднаш се потврдува дека тренинг сесиите не се реален одраз на перформансите на тимовите, но, даваат реална слика кога се во прашање недостатоците на болидите. Кога некој од нив има проблеми, тие не може баш така лесно да се прикријат.
Тоа беше случај со возачите на Ред Бул, кои имаа проблеми со постигнување на посакуваниот работен опсег на гумите на Пирели. Сепак, кога е во прашање тркачкото темпо сите три најбрзи тимови се тука некаде, а Макс Ферстапен ги имаше најконзистени времиња по круг.
Може да се каже дека звезда на денот е Пјер Гасли, кој со болидот на Торо Росо, повторно успеа да забележи Топ 10 пласман, за разлика од неговиот тимски колега кој беше на последната позиција. Добра сесија и за Мекларен кој напредуваше во Топ 10 на сметка на возачите на Хас.
2018 БАХРЕИН ГП - ВТОР ТРЕНИНГ - РЕЗУЛТАТИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КР.
1. К.Раиконен Ферари 1:29.817 32
2. С.Ветел Ферари 1:29.828 + 0.011 37
3. В.Ботас Мерцедес АМГ 1:30.380 + 0.563 31
4. Л.Хамилтон Мерцедес АМГ 1:30.472 + 0.655 32
5. М.Ферстапен Ред Бул 1:30.745 + 0.928 32
6. Д.Рикиардо Ред Бул 1:30.751 + 0.934 31
7. Н.Хулкенберг Рено 1:31.220 + 1.403 34
8. П.Гасли Торо Росо 1:31.232 + 1.415 38
9. Ф.Алонсо Мекларен 1:31.282 + 1.465 29
10. Ш.Вандрон Мекларен 1:31.422 + 1.605 35
11. Р.Грожан Хас 1:31.591 + 1.774 33
12. К.Саинц ЈР. Рено 1:31.601 + 1.784 34
13. Е.Окон Форс Индија 1:31.809 + 1.992 31
14. С.Перез Форс Индија 1:31.868 + 2.051 34
15. К.Магнусен Хас 1:31.969 + 2.152 35
16. Ч.Леклерк Заубер 1:32.372 + 2.555 37
17. Л.Строл Вилијамс 1:32.382 + 2.565 30
18. С.Сироткин Вилијамс 1:32.474 + 2.657 37
19. М.Ериксон Заубер 1:32.733 + 2.916 32
20. Б.Хартли Торо Росо 1:32.908 + 3.091 38
НАЈБРЗИ ВРЕМИЊА ВО ХИБРИДНАТА ЕРА НА Ф1
2014 Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.325
2015 Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:34.647
2016 Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:31.001
2017 Себастијан Ветел Ферари 1:31.310
2018 Кими Раиконен Ферари 1:29.817