Австралијанецот беше најбрз на жолтите меки гуми на Пирели, избор кој го имаа и останатите возачи од најбрзите три тима, Ред Бул, Мерцедес АМГ и Ферари.
Макс Ферстапен, неговиот тимски колега, мораше да застане на патеката поради губење на моќноста на Рено ПЕ и покрај неговите напори на туркање на болидот до својата гаража, механичарите на Ред Бул не успеаа да го поправат неговиот болид за враќање на патеката.
Добра тренинг сесија за Пјер Гасли со болидот на Торо Росо, кој успеа да го забележи седмото најбрзо време, исто така на меката смеша. Неговото време беше само две десетинки побавно од тоа на Роман Грожан со Хас на 6-та позиција, но со супер-меката смеша на Пирели.
2018 БАХРЕИН ГП - ПРВ ТРЕНИНГ - РЕЗУЛТАТИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КР.
1. Д.Рикиардо Ред Бул 1:31.060 14
2. В.Ботас Мерцедес АМГ 1:31.364 + 0.304 24
3. К.Раиконен Ферари 1:31.458 + 0.398 18
4. С.Ветел Ферари 1:31.470 + 0.410 17
5. Л.Хамилтон Мерцедес АМГ 1:32.272 + 1.212 21
6. Р.Грожан Хас 1:32.516 + 1.456 23
7. П.Гасли Торо Росо 1:32.779 + 1.719 26
8. К.Саинц ЈР. Рено 1:32.885 + 1.825 21
9. К.Магнусен Хас 1:32.971 + 1.911 19
10. Н.Хулкенберг Рено 1:33.104 + 2.044 18
11. Ф.Алонсо Мекларен 1:33.223 + 2.163 24
12. Ч.Леклерк Заубер 1:33.278 + 2.218 20
13. Ш.Вандрон Мекларен 1:33.364 + 2.304 25
14. Л.Строл Вилијамс 1:33.379 + 2.319 22
15. С.Сироткин Вилијамс 1:33.467 + 2.407 29
16. Б.Хартли Торо Росо 1:33.497 + 2.437 27
17. М.Ериксон Заубер 1:33.508 + 2.448 22
18. С.Перез Форс Индија 1:33.662 + 2.602 26
19. Е.Окон Форс Индија 1:33.794 + 2.734 23
20. М.Ферстапен Ред Бул без поставено време
НАЈБРЗИ ВРЕМИЊА ВО ХИБРИДНАТА ЕРА НА Ф1
2014 Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.502
2015 Кими Раиконен Ферари 1:37.827
2016 Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:32.294
2017 Себастијан Ветел Ферари 1:32.697
2018 Даниел Рикиардо Ред Бул 1:31.060
Ферстапен имаше додатна кондициска вежба