Трката беше одлучена со излегувањето на безбедносното возило и стратегијата. Ферари заврши на подиумот благодарение на третото место на Кими Раиконен, но стартувајќи од Пол, Себастијан Ветел мораше да се задоволи со осмото место откако Ферстепен се судри со него, по што назадуваше низ поредокот.
Кими Раиконен: "Тоа беше доста болна и непријатна трка, на стартот имав добар напредок, но потоа морав да се повлечам и тоа ме чинеше неколку места. По промената на гумите болидот беше прилично брз и чувството беше добро, но во тој момент бевме далеку назад. Сепак, на правците можев да ги видам болидите пред себе. Безбедносното возило ми помогна, во тој момент имав нови гуми, би рекол дека тоа нѐ врати во игра."
"Имав пристојна брзина со медиум гумите, споредено со останатите кои беа на истата смеша, но приближувањето до нив и обидот да ги следат блиску беше навистина незгодно. Сигурно бевме побрзи од Валтери, но кога ќе се доближев, стануваше незгодно. Јас едноставно не можев доволно да се доближам до него."
"Денес го забележавме третото место, но очигледно дека кога трката ја започнувате од првиот ред тоа е далеку од идеален резултат. Ќе се обидеме да се подобриме на следната трка."
Себастијан Ветел: "Имав среќа што ја завршив трката. По судир како оној што го имав, мислам дека можевме и да застанеме таму. Очигледно, среќата не послужи и болидот се уште работеше, иако, продолжив со болид многу тежок за возење."
"Го изгубивме водството по првиот пит-стоп, кога бевме сосема сигурни дека ќе излеземе напред, но очигледно погрешивме. БВ дојде во најнезгоден момент за мене и за Валтери, бидејќи немавме шанса да реагираме."
"Потоа беше јасно дека Ред Бул е побрз и мислам дека немаше смисла да се спротивставувам на нивните возачи. Даниел ме помина чисто, а тоа го очекував и со Макс."
"Му дадов малку простор, ако има мало блокирање на тркалата, но, тој очигледно имаше големо блокирање на задните тркала, па затоа се судривме. Мислам дека сфати дека направил грешка. И двајцата имавме среќа што продолживме, но, судирот не беше потребен."
"Сепак, го ценам фактот што веднаш по трката тој дојде да се извини, и мислам дека тоа е начинот на решавање на ваквите работи, лице в лице. Очигледно, денешниот резултат не е онаков на кој што се надевавме."
ФЕРАРИ: РЕАКЦИИ ПО ТРКАТА
4/15/2018 03:52:00 PM
0
Share to other apps