Речиси сите возачи се обидуваа да избегнат прегревање на задните гуми, па повеќето обиди за брз круг беа проследени со еден бавен како гумите би се оладиле т.е. се вратат во оптималниот работен опсег. Кими Раиконен се приближи на само 0.069 до Австралијанецот забележувајќи го второто најбрзо време.
Макс Ферстапен, кој имаше излетување во бариерите на првиот тренинг, повторно ја застружи бојата од истите за да го постави третото најбрзо време, со заоастанување од 0.116 секунди. Тој, исто така, имаше поголемо блокирање на предното тркало и мораше да ја посети зоната за излетување при третиот свиок.
Валтери Ботас беше побрз од својот тимски колега, Луис Хамилтон за четвртото место на табелата, но болидите на Мерцедес АМГ имаа прилично големо заостанување за околку осум десетинки.
Луис Хамилтон го постави најдоброто време во својот втор круг на ултра-меката смеша, но подоцна имаше два неуспешни обиди за подобрување на своето време, иако го забележа најбрзото време во првиот сектор. При првиот негов обид ги блокираше предните тркала, а потоа неговиот болид не го послуша и излезе далеку од идеалната тркачка линија.
Себастијан Ветел имаше тешка сесија, завршувајќи ја со 11-тото најбрзо време, за 1.332 секунда побавен од врвот на табелата. Германецот имаше неколку посети на зоните за излетување и не можеше да го контролира својот болид при притискање на сопирачките за влез во свиоците. Најголем проблем му претставуваше првиот најбавен сектор.
РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ТРЕНИНГ
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:42.795 | 35 | |
| 2 | Кими Раиконен | Ферари | 1:42.864 | + 0.069 | 33 |
| 3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:42.911 | + 0.116 | 27 |
| 4 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:43.570 | + 0.775 | 25 |
| 5 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:43.603 | + 0.808 | 31 |
| 6 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:43.700 | + 0.905 | 34 |
| 7 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:43.814 | + 1.019 | 30 |
| 8 | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:43.834 | + 1.039 | 36 |
| 9 | Кевин Магнусен | Хас | 1:43.977 | + 1.182 | 29 |
| 10 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:44.091 | + 1.296 | 33 |
| 11 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:44.127 | + 1.332 | 38 |
| 12 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:44.142 | + 1.347 | 31 |
| 13 | Роман Грожан | Хас | 1:44.425 | + 1.630 | 27 |
| 14 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:44.459 | + 1.664 | 31 |
| 15 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:44.712 | + 1.917 | 39 |
| 16 | Чарлс Леклерк | Заубер | 1:44.940 | + 2.145 | 30 |
| 17 | Сергеј Сирокин | Вилијамс | 1:45.007 | + 2.212 | 33 |
| 18 | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:45.051 | + 2.256 | 36 |
| 19 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:45.288 | + 2.493 | 29 |
| 20 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:46.042 | + 3.247 | 9 |
2017 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:43.362
2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:42.795






