Треба да очекуваме одлична и вобудлива трка за Големата Награда на Кина, кога конечно имаме стартен поредок каков сите посакувавме. Сите шест најбрзи болиди на врвот од поредокот, 2x Ферари, 2x Мерцедес АМГ, 2xРед Бул, без никакви казни. Мега битка во најава, т.е. ако сите го преживеат првиот круг.
Луис Хамилтон: "Имавме тежок ден. Викендот го започнавме позитивно на петочните тренинг сесии, но, денес болидот едноставно немаше брзина. Ферари дефинитивно се подобри, можеби тие вчера не ја покажаа вистинската брзина, но денес тие беа брзи. Бевме половина секунда зад нив во квалификациите, поради што не се борев во мојот последен круг, бидејќи знаев дека не можам да конкурирам на нивното темпо."
"Нема да биде лесна задача да се победат Кими и Себастијан утре, тие се најбрзи на правците, па престигнувањето ќе биде тешко. Стартувам од четвртата позиција и ќе мора да се борам од таму. Треба да биде потопло за време на трката, што може да донесе големи промени. Ние ќе работиме напорно во текот на ноќта и ќе продолжиме напред. Фановите, тука во Кина, се неверојатни, се надевам дека знаат дека ќе направам се за да се борам за нив."
Макс Ферстапен: "Имаме добро подесен болид. Денес, не можевме многу повеќе од ова, би рекол дека петтата стартна позиција е сосема реална и место каде што треба да бидеме. Губиме време на двата правци што е тешко да се надополни во други делови на патеката, знаевме дека свиоците ќе бидат важни, но, тоа не беше доволно за да се намали разликата."
"Ферари беа многу брзи, но не бевме толку далеку од Мерцедес АМГ на крајот. Во трката тие не ќе можат да ги користат нивните режими на зголемена моќност на нивните ПЕ, па така, врз основа на тркачкото темпо, можеме да бидеме многу поблиску до момците пред нас."
"Имаме поинаква стратегија, која може да биде со едно или евентуално две застанувања за промена на гумите, се во зависност од температурите и деградацијата. Се надевам дека ќе имаме добар старт, а потоа ќе мораме да видиме дали можеме да стигнеме до победничкиот подиум."
Даниел Рикиардо: "Среќен сум што воопшто стигнав да настапам на денешните квалификации и сакам да им се заблагодарам на механичарите за одличната работа. Мислам дека неколку пати го соборија нивниот рекорд за промена на ПЕ. Ние сме на опашката од топ 6 болидите, што не е идеално, но по се она што се случуваше денес сметам дека тоа е полн погодок."
"Возачите пред нас ќе стартуваат на меките гуми, додека Јас и Макс ќе започнеме на ултра-меките, така што стратегијата дефинитивно ќе игра голема улога и се надеваме дека може да ни помогне да стигнеме до пласман на подиумот."
GAME ON - СО СИТЕ СИЛИ ВО НАПАД
4/14/2018 10:21:00 PM
0
Tags
Share to other apps