![]() |
Новите кациги ќе бидат задолжителни од 2019 година. |
ФИА издаде нов стандард за тркачките кациги со кој ќе се зголеми заштитата за возачите во сите поголеми шампионати. Овој стандард се воведува по повеќе од една деценија на истражување, се со цел воведување максимална заштита на учесниците во шампионатите на ФИА.
Најновиот стандард, наречен ФИА 8860-2018, ги истакнува барањата за дизајн и перформанси што производителите на кациги мора да ги постигнат за да може да обезбедуваат опрема за врвните шампионати на ФИА. Новите кациги ќе бидат задолжителни за Формула 1 од 2019 година и во другите шампионати набргу потоа.
Овие нови кациги ќе понудат бројни безбедносни придобивки, вклучувајќи напредна балистичка заштита, зголемена апсорпција на енергија и проширена област на заштита за возачите.
Лорен Мекис, директорот за безбедност на ФИА, рече: "Сегашните кациги се најбезбедни во светот, но новиот стандард ќе ги однесе на следното ниво. Ние од ФИА постојано се стремиме да ги подобриме безбедносните стандарди и затоа ние ќе бараме од сите производители да го исполнат овој посилен стандард за нашите шампионати."
Промените врз основа на новиот стандард вклучуваат:
- Врвот на отворот на визирот е симнат за 10мм за да се постигне напредна балистичка заштита која постигнува невидени нивоа на безбедност при удар од остатоци.
- Проширените области на странична заштита кои се компатибилни со најновите потпирачи за глава и затворените системи за заштита на главата на седиштата, обезбедувајќи управување со енергијата точно каде што се поставени потпирачите за глава.
- Конструкцијата на кацигите вклучува напредни композитни материјали за да се осигура дека нема само да бидат цврсти, туку и отпорни на судири и пенетрација.
- Методите за тестирање вклучуваат варијабилни брзини при различни инциденти и голем опсег на тежини.
Засилени тестови
Според новиот стандард ФИА 8860-2018, сите кациги ќе мора да ги издржат следните тестови:
- Стандарден судир: удар на кацигата од 9.5м/с. Максималното забавување на "главата на возачот" не треба да надминува 275G.
- Судир при мала брзина: удар на кацигата од 6м/с. Максималното забавување не смее да надмине 200G со максимален просек од 180G.
- Низок страничен судир: удар на кацигата од 8.5м/с. Максималното забавување не смее да надмине 275G.
- Напредна балистичка заштита: метален проектил од 225г. исфрлен со 250км/ч. Максималното забавување не смее да надмине 275G.
- Судир: тежина од 10 кг која паѓа од 5.1 метри врз кацигата. Латерални и надолжни тестови. Предаваната сила не треба да надминува 10КЊ.
- Пенетрација на кацигата: Објект од 4 кг пуштен врз кацигата со 7.7м/с.
- Пенетрација на визирот: Воздушна пушка испукува 1.2г сачми врз визирот. Сачмите не смее да навлезат во внатрешноста на шлемот.
- Премази на визирот: Тест на видливост за да се обезбеди дека боите и погледот не се значително променети или дисторзирани.
- Систем за задржување: тест за превртување и динамички тест за да се обезбеди силата на лентата кај брадата и нејзините приклучоци.
- Линеарен удар врз заштитникот за брадата: Испитување на удар при 5,5м/с. Максималното забавување не треба да надминува 275G.
- Удар врз заштитникот за брадата: Удар со чекан врз за заштитникот за брадата и процена на неговата способност да го држи подалеку од главата.
- ФХР Механичка сила: Тест за да се обезбеди висока јачина на прицврстувачките точки за предните прегради за главата.
- Проекција и површинско триење: Тест за да се обезбеди целовитост на кацигата и дека триењето е минимизирано. Површината на кацигата, исто така, ќе биде подложена на BARCOL тест на цврстина за отпорност на пенетрација.
- Запаливост: Кацигата изложена на пламен од 790 C° мора да се само-изгасне откако ќе се отстранат пламените.