Се чини дека европскиот дел од сезоната штотуку започна, но сега летото заврши и претстои Големата Награда на Италија, последната европска етапа, која се одржува во септември сите 75 пати во својата историја.
Листовите штотуку почнуваат да пожолтуваат, но според досега виденото во северна Италија сè уште е вистинско лето. Во текот на трите летни месеци, Мекларен само еднаш пропушти победа, во Канада, каде што победија Џорџ Расел и Мерцедес АМГ.
Ривалите се целосно фокусирани на болидите за следната сезона и повеќе не се обидуваат да ги стигнат водечките.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 15:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Минатата година, за 75-годишнината од Големата Награда на Италија, организаторите извршија голема реконструкција.
Задржувајќи го својот поранешен карактер, Монца стана помодерна, новите трибини сместуваат уште повеќе гледачи, но билетите одамна се распродадени. Тифозите ја сакаат Формула 1.
Реконструкцијата на патеката го промени профилот на неколку свиоци, ажурирани се безбедносните зони, поставен е нов асфалт и рабници, а поставени се модерни штандови.
Најбавната патека во Монако традиционално му претходи на летото, а трката на најбрзата во Монца го завршува. Овој викенд од оваа сезона во Формула 1 испадна интересен.
Оваа патека е една од класиците на Формула 1, изградена е во далечната 1922 година. Првотo Италијанското ГП се одржало во 1921 година во Бреша, со Jules Goux како Победник, а потоа во 1922 оваа трка се сели во Монца. Најновата конфигурација на патеката Монца дебитираше во 2000 година.
Оригиналната Монца имала над 10 километри, и од дамнешни времиња го има епитетот за храм на брзината со просечни брзини кои достигнуваат до 250км/ч., додека максималната брзина надминува 350 км/ч., па растојанието од 300 км се завршува во најкус рок од целата сезона.
Познатиот "Храм на брзината" е вистинскa патека која има потреба од низок отпор и ниска потисна сила, каде што максималната брзина е клучна за добар резултат. Трката честопати се добиваше од Пол позицијата, но во последните пет години, возачот што стартуваше од првата позиција не беше победник на истата.
Ако минатата недела трибините беа обоени исклучиво во портокалово, тогаш црвената боја доминира во Монца. Тифозите се едни од најверните навивачи и секогаш доаѓаат во голем број да го подржат својот омилен тим, кој минува низ тешки времиња. За Ферари оваа трка е историски важна.
Тимот подготви специјална тимска облека и нов изглед на болидите во чест на шампионската сезона на Ники Лауда во црвениот болид. Возачите на Ферари на Италијанското ГП имаат 20 Победи, а почесто победуваа само во Германија (21 пати). Последната победа беше минатата година, кога Чарлс Леклер се искачи на највисокото скалило на Подиумот.
53-те круга од Големата Награда на Италија на Храмот на брзината во Монца, теоретски, треба да се поминат со едно застанување во бокс, а главен протагонист ќе бидат белите гуми.
Останува да се види дали некои возачи ќе одлучат да започнат на жолтите гуми за да имаат поголема флексибилност, со добро ниво на грип на почетокот или да ризикуваат да започнат со црвените за да се обидат да напредуваат низ поредокот во раните фази од трката.
Стратегијата со две застанувања е условена од фактот што траекторијата низ боксевите е многу долга и се губи доста време при секое застанување за промена на гуми, но може да биде валиден избор доколку трката се неутрализира во кој било период.
Марио Изола, Пирели: "Уште еднаш имавме голема битка во квалификациите, каде што сите 20 возачи беа распоредени во нешто повеќе од осум десетинки од секундата во Q1, додека првите десет во Q2 беа одделени во помалку од три десетинки."
"Последните кругови во Q3 беа возбудливи, завршувајќи со уште една демонстрација на неверојатниот талент на Макс Ферстапен. Неговата Пол позиција е исто така значајна, бидејќи кругот е најбрзиот досега забележан во историјата на Формула 1."
"Во квалификациите, видовме дека црвените гуми беа најбрзата опција, но дуото на Мерцедес АМГ кои возеа со жолти гуми, беа исто така конкурентни. Џорџ Расел беше најбрз во Q1 на C4, но тоа повеќе се должеше на тоа што се чувствуваше поудобно со гуми која, иако нудат помали перформанси, му даваа на возачот поголема самодоверба."
"C5 е многу брза гума, но не е лесно да се најдат нејзините врвни перформанси, како што се докажа со фактот дека може да понудат одлични времиња дури и во второ возење. Ова значи дека откако ќе се стабилизира, црвените гуми може да му дадат на возачот поголема самодоверба да притисне повеќе."
"Што се однесува до стратегијата, од трите часа тренинг сесии, јасно е дека ова ќе биде трка со само едно запирање во боксот. Жолтите и белите гуми треба да бидат смешите што ќе ја извршуваат најголемата работа, нудејќи најдобар компромис помеѓу перформанси и трајност, а меѓу нив нема голема разлика во однос на деградацијата."
"Сепак, црвените гуми би можеле да играат важна улога, особено за возачите што можат да го продолжат првиот стинт барем до 32-от круг, или од друга страна, ако има ресетирање кон крајот на трката."
Временската прогноза останува како и за досегашниот тек од викендот. Во 15:00 часот, кога возачите ќе го започнат загревачкиот круг, температурата на воздухот ќе се искачи до 27-от степен. Ќе имаме мала облачност и слаб југозападен ветер.
Пред Големата награда на Италија, луѓето секогаш се сеќаваат на тесната врска помеѓу Формула 1 и Ферари, историската улога и минатите победи на легендарниот тим.
Сепак, навистина историските победи секоја година стануваат сè повеќе далечно минато.
Кога Чарлс Леклер победи во Монца минатата година, тифозите беа среќни, а новинарите ги користеа сите ласкави епитети, но оваа година Ферари нема забележано победа, а тимот има тешка задача да се покаже пред домашните навивачи.
Блиска е границата од љубов до омраза во италијанскиот печат. Пред почетокот на сезоната, новинарите ги подготвуваат навивачите за победа, потоа реалноста не се совпадна со очекувањата, а тимот е критикуван исто толку остро колку што беше фален.
Можеби, тоа е една од причините за постојаната криза во тимот. Никаде нема таков притисок како во Ферари, невозможно е да се работи систематски во такви услови, а успехот во Формула 1 бара време. Затоа Њуи не отиде во Маранело.
Претходно, издржливоста беше клучен фактор, но во последниве години механичките дефекти стануваат сè поретка причина за откажување од трката, а често сите болиди стигнуваат до целта без никакви проблеми.
Затоа откажувањето на еден од претендентите за титулата, Ландо Норис, во Зандворт беше толку неочекувано и изненади многумина, вклучувајќи го и Мекларен. Тежината на задачата за Норис се зголеми многукратно.
Сега тој треба да надомести заостанување од 34 поени за да го стигне Пјастри, а Оскар е неверојатно стабилен.
Како ќе се однесува Мекларен? Само Пјастри успеа да освои поени на сите 15 трки оваа година.
Тој ја вози третата сезона во Формула 1 шампионатот и е во серија од 41 последователна трка во поени, која започна во Лас Вегас во 2023 година, во неговата дебитантска сезона.
Ферстапен е втор на ова рангирање со 43 последователни трки со освоени бодови, а Хамилтон е прв со 48 последователни трки со освоени бодови. Ако Пјастри освои бодови на сите преостанати трки, тој ќе стане апсолутен лидер по овој индикатор.
Оскар е неверојатно стабилен, а оваа стабилност е клучот до успехот.
Штета што остануваат само девет трки во оваа одлична сезона. Ќе биде интересно да се види како ќе се одвиваат работите во Монца.
Исак Хаџар и Пјер Гасли добија нови погонски единици за трката во Монца и ќе стартуваат од пит-линијата на денешната трка.
Возачот на Рејсинг Булс се квалификуваше како 16-ти, Французинот од Алпин 19-ти, но вградените елементи од погонска единица се надвор од дозволениот број за оваа сезона, па автоматски следува казна, старт од пит-линијата.
Стјуардите на Холандското Гран При го казнија Луис Хамилтон за непочитување на двојни жолти знамиња на патот кон неговата стартна позиција. За ова, Британецот доби казна од пет старни позиции за денешната трка за Големата награда на Италија во Монца.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ИТАЛИЈАНСКОТО ГРАН ПРИ
9/07/2025 11:25:00 AM
0
Share to other apps