Макс Ферстапен повторно се искачи на врвот на победничкиот подиум на Големата Награда на Италија.
Холанѓанецот ја прекина доминацијата на Мекларен победувајќи по трет пат во Монца, искористувајќи ја вчерашната феноменална пол позиција.
Единствениот напнат момент за Макс се случи на стартот, кога речиси се судри со Мекларенот на Ландо Норис. Потоа, откако ја пресече првата шикана, мораше да го предаде водството за да избегне потенцијална казна.
Ферстапен се префрли во режим на потера и го врати водството со моќно престигнување на Мекларенот. Оттогаш, трката се одвиваше непречено за актуелниот шампион, кој ја прослави својата трета победа во 2025 година.
Макс уште еднаш ја демонстрираше својата вештина зад воланот, а оваа трка ни потврди и докажа дека додека не биде откриена тајната на Мекларен,околу менаџирањето на гумите, тие лесно ќе стигнуваат до победите.
Во вакви случаи каде деградацијата е минимална, имаат конкуренција и можат да бидат победени. Каква ќе беше сезоната ако имавме битка за победите помеѓу повеќе тимови!
Двојна победа за Макс во Италија оваа година, тој победи во Имола и денес во Монца, згора на тоа, со разлика од 19 секунди. Асфалтот во Италија му одговара на болидот на Ред Бул.
На победничкиот подиум, возачите на Мекларен беа исвиркани од многубројните тифози.
Оскар Пјастри влезе во бокс еден круг пред Ландо Норис, и за жал, пит-стопот на Британецот не помина добро, па неговиот тимски колега излезе понапред само неколку круга пред крајот.
Од пит ѕидот на Мекларен му беше кажано на Оскар да го пропушти Ландо, по што на крајот заврши втор, пред Оскар, Леклер, Расел и Хамилтон.
Бортолето заврши осми, зад Алекс Албон и пред Кими Антонели и Исак Хаџар.
Макс Ферстапен победи на трката за Големата Награда на Италија, со што ја забележа 66-тата победа во кариерата. Холанѓанецот, со својата трета победа оваа година по Сузука и Имола, доминираше од почетокот до крајот, никогаш не се најде во опасност да го пропушти првото место.
Единствениот непријатен момент, за Ферстапен, во трка во стилот на 2023 година, се случи на стартот кога, откако ја пресече првата шикана во обид да го одбие нападот на Норис, актуелниот шампион на крајот мораше да му го отстапи водството на својот ривал од Мекларен.
Сепак, оваа ситуација не траеше долго, бидејќи Ферстапен го врати водството до почетокот на петтиот круг. Оттогаш, Холанѓанецот беше во соло трка, завршувајќи ја трката со водство од речиси 20 секунди пред своите ривали.
Зад него, по истиот редослед по кој стартуваа, беа Ландо Норис и Оскар Пјастри, кои ги зазедоа другите две скалила на подиумот, оставајќи ги далеку зад себе, Чарлс Леклер и Џорџ Расел.
Но, во боксот на Мекларен имаа лош пит-стоп, по кој Ландо Норис го загуби второто место од Пјастри, кој потоа беше послушен кога, по наредбата добиена од пит-ѕидот го пушти својот тимски колега да го помине, откажувајќи се од второто место.
Тоа беше паметна одлука, и со релативно ниска спортска цена, со оглед на тоа што Ландо му намали само три бода во генералниот пласман на возачи.
Ферари и Чарлс Леклер, не можеа да направат ништо повеќе од четвртото место, и покрај агресивното возење во првите кругови, кога успеа да го претекне Австралијанецот за третото место.
Моначанецот, и покрај тоа што беше зад воланот на многу "нервознот" болод на Ферари финишираше убедливо пред Мерцедесот на Џорџ Расел.
Луис Хамилтон заврши шести, иако неговото Ферари се покажа добро кога врати неколку позиции во почетните кругови од трката, елиминирајќи ги побавните возачи.
Сепак, во нити еден момент не успеа да се приближи до својот поранешен тимски колега и да нападне на петтото место.
Андреа Кими Антонели исто така имаше трка за заборав пред домашната публика, финиширајќи осми, но со казната од 5 секунди се најде на деветтото место зад Габриел Бортолето.
Алекс Албон, седми, и Исак Хаџар,10-ти, исто така освоија поени.
Фернандо Алонсо не ја заврши трката поради скршена предна лева амортизација, а Нико Хулкенберг не ни успеа да ја стартува денешната трка поради проблем со хидрауликата во формацискиот круг.
ДОМИНАЦИЈА НА НАЈДОБРИОТ ВОЗАЧ ВО ШАМПИОНАТОТ
9/07/2025 12:39:00 PM
0
Share to other apps







