Мерцедес АМГ на Австриското ГП ги носи досега најголемите надградби на сезоната на својот болид, во обид да се оддалечи што е можно повеќе од Ферари и Ред Бул.
Само една недела откако Мерцедес ја воведе новата 2.1 ПЕ во Франција, сега има голем број промени на самата шасија на W09, вклучувајќи ги страничните и задните крила.
Откако се одлучија за поконвенционален распоред на страничните крила и отвори, наместо концептот што го воведе Ферари во 2017 година, кој беше копиран од неколку други екипи, Мерцедес АМГ како да признава дека погрешиле па најголемите промени се во тој дел на болидот.
Инженерите на Мерцедес АМГ комплетно ја ревидираа и оптимизираа аеродинамиката на страната на болидот, интегрирајќи ги дури и ретровизорите. Се промени и дизајнот на задното крило, сега тоа е во стил на решението кое го има Мекларен.
Во петок, Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе треба да ја оценат ефикасноста на новите надградби, т.е. да потврдат дали тие ќе работат во пракса, како што е предвидено со теоријата.
МЕРЦЕДЕС АМГ ПОДГОТВЕН ДА ГИ МАТИРА СВОИТЕ ПРОТИВНИЦИ
6/28/2018 07:28:00 PM
0
Share to other apps





