Бордот на директори на Ферари за време на денешниот итен состанок биле информирани дека нивниот претседател и извршен директор, Серџо Маркионе, нема да биде во можност да се врати на својата позиција.
Бордот изразува жалење, а неговото семејството ја има нивната безрезервна подршка. Тие се заблагодауваат за неговите изворедни напори во последните години за напредокот на Ферари.
Џон Елкан е именуван за претседател, а пред собирот на акционери, кој ќе се одржи во наредните денови ќе биде предложено Луис Камилери да биде извршен директор. Бордот на директори истовремено му ги овозможила сите механизми за непречено функционирање на компанијата.
Џон Елкан: "Длабоко сум разочаран по дознавањето на веста за здравствената состојба на Серџо. Оваа состојба беше незамислива пред неколку часа и сите не остава со чувство на неправда."
"Пред се моите мисли се со неговото семејство. Она што ме воодушеви на самиот почеток, кога разговаравме за можноста да се приклучи на нашата групација, многу повеќе од неговата интелегенција и менаџерски способности, е неговата човечност, великодушност и начинот на кој ги разбираше луѓето"
"Во последните 14 години заедно преживеавме многу успеси и тешкотии, внатрешни и надворешни кризи, но и неповторливи и незаборавни моменти, на професионално и лично ниво."
"Ќе ве замолам сите да ја почитуваме неговата приватност и на неговите блиски во овие тешки моменти за нив."
UPDATE:
По компликациите од операцијата, Маркионе поднесе оставка од сите свои позиции во јули 2018 година и почина неколку дена подоцна. Американскиот CNBC го опиша Маркионe како "легенда за автомобилската индустрија", додека британскиот весник "Фајненшал тајмс" го сметал за "еден од најхрабрите деловни лидери на неговата генерација."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.