Силверстоун е домашна трка за повеќето Формула 1 тимови, па дури и Хас има европска база во близина на патеката. Повеќето членови на тимовите може да доаѓаат на патеката од своите домови, но сепак тоа не е случај поради сообраќајниот метеж.
Силверстоун е брзa, флуидна пaтека која e комбинација од брзи свиоци на почетокот и голем број на бавни свиоци кон крајот на кругот. Maggots, Becketts and Chapel се издвојуваат како едни од најсложените комбинациии на свиоци во шампионатот.
Патеката е изградена на воен аеродром и е на ветровито место, со налети на ветер кои често може да го нарушат балансот на болидите. Временските услови во Силверстоун историски гледано се многу неконзистентни. Често се случувало да има дожд во некоја фаза на тркачкиот викенд.
Временската прогноза за оваа година е амбиентална температура околу 28-тиот степен целзиусов во текот на целиот тркачки викенд. Викендот се предвидува да помине со суво, на моменти облачно време.
Силверстоун е широка патека со многу место за излетување околу повеќето свиоци, така што ризикот за излегување на безбедносното возило е минимален. Згора на тоа, маршалите покрај патеката се рангирани меѓу најдобрите во светот, па повеќето инциденти се расчистуваат брзо и ефикасно. Оваа патека е една од подобрите во однос за претекнувањето. како додатна помош за оваа година е третата ДРС-зона.
Постојат многу брзи свиоци кои овозможуваат одлични можности за претекнување. Возачите можат да пренесат многу брзина во нив, но, исто така, и да се движат по различни линии при нивното поминување и при излезот, што во суштина е она што доведува до претекнување.
За разлика од патеките како што на пример е Барселона, постојат многу малку зони на силно сопирање каде што може брзо да се наполнат акумулаторите на ЕРС-системот. Ова значи дека, тимот што има ефикасен ЕРС-систем и при собирање на кинетичката енергија и при имплементирање на неговата енергија, толку побрзи ќе бидат нивните болиди. Со еден збор Мерцедес ќе има огромна предност по тоа прашање, како тим кој го има најдобриот хибриден систем на својот болид.
Силверстоун е еден од најлесните патеки во Ф1 календарот за сопирање, но една од најтешките за гумите, во брзите свиоци дејствуваа огромни количини на латерална енергија. Соодветно на тоа, Пирели се реши за прв пат оваа сезона да ја номинира ледено сината тврда смеша.
Со неодамнешното реасфалтирање на патеката, гумите за овој викенд, исто така, ќе бидат со намалена дебелина на нагазната површина, какви што се користеа во Шпанија и Франција.
Оваа промена е воведена со цел да го намали прегревањето на нагазната површина, со што би се намалил блистерингот на истите, кој што имаше големо влијание врз исходот од Австриското Гран При.
Другите две смеши кои ги носат Италијанците се медиум и меката. Грипот останува најголема потреба за возачите, поради што повеќето од нив во најголем број ги избираа жолтите меки гуми.
На оваа патека Пол позицијата не е од големо значење. Во текот на изминатите 20 трки возачот што стартувал од првата позиција само 6 пати бил Победник. Луис Хамилтон, минатогодишниот Победник, е еден од ретките возачи на кого му успеало тоа.
Пред пристигнување во Велика Британија, табелите во двата шампионaти се многу блиски, што носи голема доза на неизвесност. Себастијан Ветел повторно го презеде водството во шампионатот на возачи, со предност од само еден поен пред Луис Хамилтон.
Двојниот пласман на подиумот на Ферари, комбиниран со двојната дисквалификација на Сребрените стрели во Австрија, исто така го промени врвот во генералниот пласман кај конструкторите, каде Ферари сега има 10 поени предност пред нивниот најсериозниот ривал, Мерцедес АМГ.
Исто така, вреди да се напомене фактот дека на досега одржаните девет трки, Ферари, Мерцедес АМГ и Ред Бул имаат по три победи.
ДОСЕГА ИСКОРИСТЕНИ ДЕЛОВИ НА ПЕ | ||||||||
Б | ВОЗАЧ | ТИМ | ICE | TC | MGH-U | MGU-K | ES | CE |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 2 | 2 | 2 | 1 | 1 | 1 |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 2 | 2 | 2 | 1 | 2 | 2 |
3. | Себастијан Ветел | Ферари | 2 | 2 | 2 | 1 | 1 | 2 |
4. | Кими Раиконен | Ферари | 2 | 3 | 2 | 1 | 1 | 2 |
5. | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 3 | 3 | 3 | 2 | 2 | 2 |
6. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 2 | 3 | 2 | 3 | 1 | 2 |
7. | Серџо Перез | Форс Индија | 2 | 2 | 2 | 1 | 2 | 1 |
8. | Естебан Окон | Форс Индија | 2 | 2 | 2 | 1 | 1 | 1 |
9. | Ленс Строл | Вилијамс | 2 | 2 | 2 | 1 | 1 | 1 |
10. | Сергеј Сироткин | Вилијамс | 2 | 2 | 2 | 1 | 1 | 1 |
11. | Нико Хулкенберг | Рено | 2 | 2 | 2 | 3 | 2 | 2 |
12. | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 2 | 3 | 3 | 2 | 2 | 2 |
13. | Брендон Хартли | Торо Росо | 5 | 5 | 5 | 4 | 3 | 3 |
14. | Пјер Гасли | Торо Росо | 4 | 4 | 4 | 3 | 2 | 2 |
15. | Роман Грожан | Хас | 2 | 3 | 3 | 1 | 1 | 2 |
16. | Кевин Магнусен | Хас | 2 | 2 | 2 | 1 | 2 | 2 |
17. | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 |
18. | Штофел Вандорн | Мекларен | 2 | 3 | 2 | 2 | 2 | 2 |
19. | Маркус Ериксон | Заубер | 2 | 2 | 2 | 1 | 2 | 2 |
20. | Чарлс Леклерк | Заубер | 2 | 2 | 2 | 1 | 1 | 1 |