Луис Хамилтон по почетниот судир со Кими Раиконен се врати на второто место, но многу изнервиран, а кога е таков кажува многу непотребни работи. По подолго време битка каква сите посакуваме, во игра за Победата четворица возачи во близина еден на друг.
На почетокот од трката, Себастијан Ветел имаше одличен старт за водство по првиот свиок, претекнувајќи го Луис Хамилтон, кој ја имаше Пол позицијата. Валтери Ботас, исто така, успеа да го претекне, по што Британецот се најде на третото место, додека болидите се подготвуваа за влез во првиот свиок.
Ситуацијата стана уште полоша за Хамилтон, кога Кими Раиконен со ризичен потег реши да го претекне, но заврши во десниот заден дел од болидот на Мерцедес АМГ. Хамилтон се изврте на патеката и падна на 17-тото место во тој момент. Подоцна, Раиконен доби казна од 10 секунди за предизвикување на овој судир.
Напред Ветел ја зголемуваше разликата и успеа да ја стабилизира на околку 5-6 секунди во однос на Ботас, и дополнителни 4 секунди до Макс Ферстапен со Ред Бул на третото место. Кими Раиконен беше на четвртото место пред вториот Ред Бул на Даниел Рикиардо и Реното на Нико Хулкенберг.
Во тие моменти Луис Хамилтон го имаше целосното внимание со неговите претекнувања за напредок кон врвот на поредокот, за веќе во 10-от круг се искачи на шестото место 13 секунди зад Даниел Рикиардо.
Во Ферари по долгите убедувања по тимското радио се решија Кими Раиконен да влезе во бокс веќе во 13-от круг како би ја издржал казната од 10 секунди и промена на неговите меки гуми за медиум смешата, по што падна на 10-то место.
На ова одговорија од Ред Бул со воведување на Макс Ферстапен на крајот од 17-от круг, а Холанѓанецот се врати на патеката на петтото место.
Зад него, Кими Раиконен сега беше во полна брзина и напредок низ поредокот. Лесно ги реши Карлос Саинц Јр., Естебан Окон, Леклерк и Нико Хулкенберг за шестото место, по што следуваше пит-стоп за Рикиардо.
Ветел се реши за промена на своите гуми во 20-от круг, потег веднаш проследен и од Валтери Ботас. Двајцата се вратија на патеката со медиум смешата на Пирели на 1-то т.е. 2-то место.
Луис Хамилтон сега беше 5.8 секунди зад лидерот, но, за него следуваше промена на гумите. Неговиот пит-стопсе случи во 25-от круг, по што тој се врати на шестото место. По сите застанувања во бокс редоследот сега беше Ветел на 3.5 секунди пред Ботас, Ферстапен 10 секунди подалеку, Рикиардо четврти пред Раиконен и Хамилтон.
Следуваше нешто помирен период од трката се до 30-от круг кога инженерите на Ред Бул го повикаа Рикиардо по втор пат во боксот, за нов сет од меките гуми. Тој се врати на шестото место, зад Хамилтон, кој сега имаше само 4,9 секунди заостанување зад Кими Раиконен.
Сепак, трката целосно го промени својот тек по драматичното излетување на Маркус Ериксон во 32-от круг. Беше распоредено Безбедносното возило, по што за повторна промена на своите гуми се решија Ветел, Ферстапен и Раиконен. Мерцедесите останаа на патеката, па сега Ботас ја предводеше трката, со Ветел на второто место пред Хамилтон, Ферстапен, Раиконен и Рикиардо.
По рестартот на трката, Финецот го задржа водството пред Ветел и Хамилтон, додека позади нив, Раиконен го нападна Ферстапен. Тој во еден момент го претекна Холанѓанецот, но возачот на Ред Бул си ја врати позицијата веќе во следниот свиок и се одржа на четвртото место.
Тркањето не траеше долго, а БВ скоро веднаш беше повторно распоредено, по судирот на Карлос Саинц ЈР. и Роман Грожан. БВ ја напушти патеката на крајот од 41-от круг, а Ботас повторно ги предводеше Ветел и Хамилтон, со Ферстапен на четвртото место пред Раиконен и Рикиардо.
Себастијан Ветел, со нови меки гуми, почна да врши притисок врз Ботас и по повеќето обиди за претекнување, Германецот успеа да се протне покрај Финецот со добар потег при сопирање за влез во свиокот со име Брукленд. Зад нив Ферстапен се изврте на патеката, по што трката за него беше завршена. Ботас, чии гуми беа потрошени, брзо беше претекнат и од Хамилтон, а набрзо и од Кими Раиконен за третото место.
До крајот на трката немаше промена на места, Себастијан Ветел за забележа својата 51-ва Победа пред Луис Хамилтон и Кими Раиконен. Со оваа победа Германецот се изедначи на третото место со Алан Прост на табелата со Формула 1 Победи.
Извонредниот напредок низ поредокот на Луис Хамилтон му донесе пласман на Подиумот, а до одреден степен тоа важи и за Кими Раиконен по издржување на казната од 10 секунди.
Валтери Ботас беше четврти пред Рикиардо, Хулкенберг, Окон, Алонсо, Магнусен и Пјер Гасли кој го заокружи списокот со освојувачи на поени.
2018 БРИТАНСКО ГРАН ПРИ -СИЛВЕРСТОУН 52 круга, 306.198км., Време: Сончево |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Себастијан Ветел | Ферари | 1ч27:29.784 |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 2.264 |
3. | Кими Раиконен* | Ферари | + 3.625 |
4. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 8.883 |
5. | Даниел Рикиардо | Ред Бул | + 9.500 |
6. | Нико Хулкенберг | Рено | + 28.220 |
7. | Естебан Окон | Форс Индија | + 29.930 |
8. | Фернандо Алонсо | Мекларен | + 31.115 |
9. | Кевин Магнусен | Хас | + 33.188 |
10. | Серџо Перез | Форс Индија | + 34.708 |
11. | Штофел Вандорн | Мекларен | + 35.774 |
12. | Пјер Гасли** | Торо Росо | + 39.129 |
13. | Ленс Строл | Вилијамс | + 38.106 |
14. | Сергеј Сироткин | Вилијамс | + 48.115 |
15. | Макс Ферстапен | Ред Бул | излетување |
НАЈБРЗ КРУГ: СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - 1:30.696 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
16. | Карлос Саинц ЈР. | Рено | судир |
17. | Роман Грожан | Хас | судир |
18. | Маркус Ериксон | Заубер | излетување |
19. | Чарлс Леклерк | Заубер | тркало |
20. | Брендон Хартли | Торо Росо | дефект |
* казна од + 10 секнди за судирот со Хамилтон
** казна од + 5 секунди за судирот со Перез
2014 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 2ч26:52.0942015 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч31:27.729 2016 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч34:55.831 2017 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч21:27.430 2018 С.Ветел - Ферари - 1ч27:29.784 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 10 ТРКИ*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Себастијан Ветел | 171 | |
2. | Луис Хамилтон | 163 | |
3. | Кими Раиконен | 116 | |
4. | Даниел Рикиардо | 106 | |
5. | Валтери Ботас | 104 | |
6. | Макс Ферстапен | 93 | |
7. | Нико Хулкенберг | 42 | |
8. | Фернандо Алонсо | 40 | |
9. | Кевин Магнусен | 39 | |
10. | Карлос Саинц ЈР. | 28 | |
11. | Естебан Окон | 25 | |
12. | Серџо Перез | 24 | |
13. | Пјер Гасли | 18 | |
14. | Чарлс Леклерк | 13 | |
15. | Роман Грожан | 12 | |
16. | Штофел Вандорн | 8 | |
17. | Ленс Строл | 4 | |
18. | Маркус Ериксон | 3 | |
19. | Брендон Хартли | 1 | |
20. | Сергеј Сироткин | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Ферари | 287 | |
2. | Мерцедес АМГ | 267 | |
3. | Ред Бул | 199 | |
4. | Рено | 70 | |
5. | Хас | 51 | |
6. | Форс Индија | 49 | |
7. | Мекларен | 48 | |
8. | Торо Росо | 19 | |
9. | Заубер | 16 | |
10. | Вилијамс | 4 |