Чарлс Леклерк од идната 2019 сезона ќе вози за Ферари, по одлуката на Италијанците да не биде продолжен договорот со Кими Раиконен. Број еден возачот на тимот од Маранело беше за останување на Финецот со кој ги помина изминатите четири сезони.
Ветел и Раиконен беа пријатели и пред да станат тимски колеги, често патувајќи на трките заедно. Но, Германецот вели дека годините не се проблем кога си доволно брз, а тоа се гледа и низ призмата на Кими Раиконен и на Чарлс Леклерк.
"Ако сте брз и талентиран, тогаш возраста не е важна. Може да бидете брзи и талентирани и кога сте стари на хартија. Кими е веројатно најдобриот пример, така што имате два добри примери, Леклерек заслужува да биде во Формула 1 и е одлично што тој добива можност да се трка во голем тим. Потоа времето ќе покаже..."
"Кими е најдобриот тимски колега со кој сум работел. Очигледно тоа е нешто што не може да го изразиш во бројки и резултати и така натаму, но мислам дека тоа не е најважното нешто. Мислам дека најважна е почитта што ја имате еден кон друг и јас мислам дека тоа ќе остане така до самиот крај. Се чувствувам тажно кога ќе помислам дека Кими повеќе нема да биде во тимот од идната сезона. Иако сме различни, имавме меѓусебно почитување."
"Сите сме различни, па сигурно односите во тимот со доаѓањето на Чарлс ќе имаат поинаква динамика, но мислам дека тој е добро дете и се надевам дека брзо ќе се вклопи. Сигурен сум дека сите се подготвени да помогнат."
"Но, да бидам искрен во моментов не размислувам многу за следната сезона, повеќе сум фокусиран на следните трки, а не следната година. Воопшто не размислувам за тоа..."
"Ние ќе се потрудиме да работиме на него, сакаме да работиме заедно како тим, но засега тоа не е толку важно. Наскоро ќе имаме доволно време за размена на нашите телефонски броеви и дружење."
ВЕТЕЛ: ЌЕ БИДЕ ТАЖНО БЕЗ КИМИ, БРЗИНАТА НЕ ЗАВИСИ ОД ГОДИНИТЕ
9/23/2018 07:03:00 PM
0
Share to other apps