Од тимот на Заубер пристигна официјално соопштение дека Антонио Џовинаци ќе биде тимски колега на Кими Раиконен, со што ја комплетираа возачката постава за 2019 сезоната. Маркус Ериксон ќе продолжи да биде дел од тимот и ќе ја преземе улогата на трет возач и амбасадор на брендот.
Од Швајцарскиот тим велат дека ваквата одлука е донесена во склад со нивната традиција за откривање и негување на млади таленти.
Одлуката да се избере Антонио Џовинаци е најмногу заслуга на Алфа Ромео(Ферари). Со доаѓањето на Алфа Ромео како генерален спонзор, логично беше да се донесе и Италијански возач.
Антонио Џовинаци веќе го имаше своето деби во Формула 1 со Заубер на Големата Награда на Австралија во 2017 година, по што следуваше уште една извозена трка.
Понатаму, тој има комплетирано неколку тест сесии и слободни тренинзи за тимот, но и за Ферари.
"Убаво е што тимот на Алфа Ромео Заубер Ф1 ми ја даде оваа шанса, ова е сон, и големо задоволство е да се натпреварувам во Формула 1 Шампионатот. Како Италијанец, огромна чест е да застапувам историски бренд како Алфа Ромео. Благодарен сум на Скудерија Ферари и тимот на Заубер што ми ја даде оваа одлична можност."
ОФИЦИЈАЛНО: АНТОНИ ЏОВИНАЦИ ТИМСКИ КОЛЕГА НА КИМИ РАИКОНЕН
9/25/2018 03:04:00 PM
0
Share to other apps