Сесијата траеше девет часа, од 09:00-18:00 часот по локално време, и имаше три прекини со црвено знаме. Пјетро Фитипалди имаше почетни проблеми со Ферари ПЕ во болидот на Хас, Себастијан Ветел имаше излетување надвор од патеката, по кое го оштети болидот на Ферари, и на крај болидот на Заубер зад чиј волан се врати Кими Раиконен, застана на патеката во вториот сектор по комплетирани 102 круга од негова страна.
Вкупно пет возачи се појавија во новите болиди за следната сезона: Кими Раиконен со Заубер, Ландо Норис со Мекларен, Ленс Строл со Форс Индија, Роберт Кубица и Џорџ Расел со Вилијамс.
Чарлс Леклерк во Ферари, Карлос Саинц Јр. со Мекларен, Данил Квајт со Торо Росо ќе дебитираат утре, додека неговиот тимски колега, Александар Албон е во падокот на Јас Марина, но не се планира да дебитира во болидот на Торо Росо.
Кими беше една од главните атракции во неговото враќање во Заубер, неговиот прв тим во Формула 1. Финецот дојде на патеката облечен во комплетно бел комбинезон, без логоа на спонзори. Тој комплетираше 102 круга со посебно внимание на кратки и средни стинтови.
Најбрзото време на Себастијан Ветел беше две секунди побавно од Пол Позицијата на Луис Хамилтон, кој не беше во Јас Марина, а неговиот тимски колега, Валтери Ботас, го имаше второто најбрзо време, четири десетинки зад Ферарито.
Третото најдобро време беше за Ленс Строл, кој во попладневниот дел од сесијата дебитираше во болидот на Форс Индија. Тој сеуште нема официјален договор со тимот, но денешното појавување зад воланот на VJM11 ги отсрани сите сомнежи околу неговата иднина. Не знаеме со кои гуми и колку полн резервоар, но тој беше за половина секунда побрз од својот тимски колега Серџо Перез.
Тимот на Вилијамс, исто така, ги подели возачките должности на двата свои возачи за 2019 година. Џорџ Расел, возеше во утринските часови, забележувајќи го најбрзото време кога на патеката беше најтопло, а попладнето, во малку постудени услови, Роберт Кубица го презеде воланот на Вилијамс и беше побрз за неколку десетинки од својот тимски колега. Двајцата возачи имаа побрзи времиња од тие на Ленс Строл и Сергеј Сироткин забележани на Тренинг сесиите за Големата Награда на Абу Даби.
Пирели ја организира оваа тест сесија за да им даде можност на сите 10 Ф1 тимови да стекнат првично искуство со она што треба да бидат финални смеши за 2019 година. Тимовите слободно може да бираат која смеша сакаат да ја пробаат и можат да ги споредуваат 2019 смеште со тие од оваа 2018 година.
2018 АБУ ДАБИ ТЕСТ - ПРВ ДЕН | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:36.812 | 69 | |
2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:37.231 | + 0.419 | 120 |
3 | Ленс Строл | Форс Индија | 1:37.415 | + 0.603 | 56 |
4 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:37.947 | + 1.135 | 133 |
5 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:37.976 | + 1.164 | 67 |
6 | Ландо Норис | Мекларен | 1:38.187 | + 1.375 | 138 |
7 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:38.789 | + 1.977 | 128 |
8 | Пјетро Фитипалди | Хас | 1:39.201 | + 2.389 | 56 |
9 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:39.269 | + 2.457 | 32 |
10 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:39.512 | + 2.700 | 42 |
11 | Кими Раиконен | Заубер | 1:39.878 | + 3.067 | 102 |
12 | Шон Гелајл | Торо Росо | 1:40.435 | + 3.623 | 150 |
2018 АБУ ДАБИ Гран При
ТРЕНИНГ 1
Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:38:491
ТРЕНИНГ 2
Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:37.236
ТРЕНИНГ 3
Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:37.176
КВАЛИФИКАЦИИ
Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.794
ТРКА НАЈБРЗ КРУГ
Себастијан Ветел - Ферари - 1:40.867 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |