Раиконен, повторно се враќа во тимот, каде што го имаше своето Ф1 деби во 2001 година. Тој доби дозвола од Ферари да го стекне своето прво искуство со тековната поставеност на Заубер на оваа тест сесија организирана од Пирели на патеката Јас Марина.
Финецот излезе на патеката за да го комплетира првиот инсталациски круг веднаш штом започна сесијата во 9 часот по локално време. Кими Раиконен се уште нема целосна опрема од тимот на Заубер, носи небрендиран тркачки комбинезон и поедноставен црно-бел дизај на неговата кацига.
По три часа од сесијата, Кими Раиконен беше деветти најбрз од 10-те возачи кои се појавија на утринскиот дел од сесијата со комплетирани 30 круга.
Шампионот од 2007 година не е единствениот возач кој што доби шанса да го испроба својот нов болид. Шампионот од Формула 2, Џорџ Расел, се појави со болидот на Вилијамс, со кој ќе го има своето деби во Ф1. Ландо Норис е повторно во болидот на Мекларен, додека Ленс Строл ќе го има своето искуство со Форс Индија.
Своето прво искуство со Ф1 болид го има Пјетро Фитипалди, внукот на двократниот Ф1 Шампион Емерсон Фитипалди, кој потпиша со тимот на Хас како тест и развоен возач за 2019 година.
Денес на патеката своите болиди ќе ги возат и Себастијан Ветел, Валтери Ботас, Марк Ферстапен, Серџо Перез, Нико Хулкенберг, Шон Гелајл, Роберт Кубица.
Алексександар Албон, новиот возач на Торо Росо, не е на списокот на возачи кои би требало да се појават на патеката, но е присутен во гаражата на овој тим.