За Големата Награда на Абу Даби, болидот на Фернандо Алонсо ќе има посебен изглед во негова чест. Викендов ќе има проштална забава, а за крај на неговата 18-годишна кариера во Формула 1, во Мекларен се решија да го обојат MCL33 со уникатен изглед во препознатливите сина, жолта и црвена боја на неговата кацига врз капакот на Погонската единица, како и посебно нарачани ознаки на ФА на врвот и на страните од кок-питот.
Денес, во ерата на зголемена хомогеност, еднократните бои на болидите стануваат реткост. Всушност, на трката во Абу Даби за прв пат по подолго време, возач на Мекларен ќе вози со еднократно обоен болид, по жолто-брендираниот болид за Кеке Розберг на 1986 Португалското ГП, пред околу 32 години.
Зак Браун, извршен директор на Мекларен, коментираше: "Неверојатно сме задоволни и горди што можеме да се тркаме со специјално обен болид за Фернандо во Абу Даби. Ние сакаме неговата последна Гран При трка да остане запаметена, и ова беше само еден од начините на кои би можеле да го рефлектираме тоа. Ние го обоивме болидот во тесна соработка со Фернандо, а потоа и со ФИА и Формула 1 за да ги направиме промените за оваа трка, и сите тие многу благонаклоно гледаа на овој потег. Се надевам дека ова на фановите на Фернандо ќе им даде екстра мотивација за она што треба да биде особено емотивен викенд.">
ДОВИДУВАЊЕ ФЕРНАНДО - СПЕЦИЈАЛЕН ИЗГЛЕД НА МЕКЛАРЕН ЗА АБУ ДАБИ
11/21/2018 02:31:00 PM
0
Share to other apps