Нема да чекаме долго време за да ги видиме на дело новите возачи на Вилијамс. Тимот потврди дека Џорџ Расел и Роберт Кубица ќе бидат зад воланот на FW41 на дводневната тест сесија на Пирели која ќе се одржи во текот на следната недела, т.е. по Големата Награда на Абу Даби.
Џорџ и Роберт ќе ги споделат возачките задачи, со тоа што младиот Британец ги добива своите први кругови како возач на Вилијамс утрото на првиот ден пред да му го предаде болидот на Роберт за попладневната сесија. Тоа ќе се смени за време на вториот тест ден кога Кубица ќе вози наутро, пред Расел да го заврши вториот ден од тестот.
Тестот е наменет за евалуација на 2019 гумите на Пирели. Во Вилијамс се задоволни што ќе ја имаат оваа можност да ги проценат новите гуми, но и новите возачи за 2019 година, а тие да допринесат за развојот на болидот за следната 2019 сезона.
КУБИЦА И РАСЕЛ ВЕДНАШ ВО АКЦИЈА
11/22/2018 11:15:00 AM
0
Share to other apps