Следуваа Даниел Рикиардо, Макс Ферстапен и Кими Раиконен со заостанување од 3-5 десетинки.
Роман Грожан беше седми, повторно најдобар од останатите, пред Чарлс Леклерк како осми најбрз, додека Кевин Магнусен и Естебан Окон го комплетираа Топ 10 пласманот.
Главна вест на почетокот од сесијата беше излетувањето на Нико Хулкенберг, кога Германецот излезе надвор од рабниците, со двете тркала на тревата низ последниот свиок, по што ја изгуби контролата над неговиот болид, и заврши во бариерите покрај патеката. Тоа доведе до краток период на црвено знаме, но, откако сесијата продолжи, остатокот помина без инциденти и многу комплетирани кругови.
На врвот, Ботас, кој ја имаше Пол позицијата минатата година, изгледаше самоуверен и сигурен, додека Хамилтон беше брз, но сепак имаше поплаки за балансот на неговиот болид. Ветел, исто така, имаше чудна сесија, постојано јавувајќи по тимското радио за некој олабавен предмет меѓу неговите нозе. Што беше тоа останува да се види...
Како и вообичаено, имавме многу блиски времиња на патеката Хозе Карлос Паче, што значи дека најмалата грешка или подесување на болидот, може да резултира со доста голема разлика.
Истото важи и за стратегијата, која може да направи вистинска разлика кога сè друго е толку блиско. Во моментов, тешко е да се даде прогноза за поредокот на возачите, а тимовите користеа многу различни тест програми за време на двете тренинг сесии. Останува во недела да видиме дали тоа ќе резултира со повеќе различни стратегии во трката.
Гумите на Пирели немаа прекумерна деградација, освен појава на блистеринг, кој што не влијаел врз перформансите на болидите. Овој феномен беше видлив на болидите на Ферари, особено тој на Себастијан Ветел.
Тркачкиот викенд во Бразил продолжува утре со третиот тренинг, 15:00 MK и Квалификациската сесија од 18:00 MK.
2018 БРАЗИЛ ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:08.846 | 48 | |
2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:08.849 | + 0.003 | 43 |
3 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:08.919 | + 0.073 | 42 |
4 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:09.164 | + 0.318 | 44 |
5 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:09.339 | + 0.493 | 28 |
6 | Кими Раиконен | Ферари | 1:09.412 | + 0.567 | 42 |
7 | Роман Грожан | Хас | 1:09.769 | + 0.923 | 44 |
8 | Чарлс Леклерк | Заубер | 1:09.943 | + 1.097 | 44 |
9 | Кевин Магнусен | Хас | 1:10.007 | + 1.161 | 39 |
10 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:10.159 | + 1.315 | 45 |
11 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:10.320 | + 1.474 | 23 |
12 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:10.330 | + 1.484 | 44 |
13 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:10.332 | + 1.486 | 36 |
14 | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:10.458 | + 1.612 | 48 |
15 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:10.532 | + 1.686 | 44 |
16 | Сергеј Сироткин | Вилијамс | 1:10.569 | + 1.723 | 46 |
17 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:10.596 | + 1.750 | 26 |
18 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:10.662 | + 1.816 | 44 |
19 | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:10.734 | + 1.888 | 46 |
20 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:11.674 | + 2.828 | 6 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - ХОЗЕ КАРЛОС ПАЧЕ
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:12.123
2015 Нико Розберг - Мерцедес - АМГ 1:12.385
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:12.271
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:09.515
2018 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:08.846
|
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |