Мерцедес АМГ ја забележа јубилејната 100-та Пол Позиција во Формула 1, Луис Хамилтон својата 82-ра во кариерата и 10-та во 2018 сезоната. Неговиот тимски колега, Валтери Ботас, ќе ја стартува утрешната Голема Награда на Бразил од 3-тата позиција. Двајцата возачи на Сребрените Стрели првиот стинт ќе го имаат на Супер-меките гуми, додека Себастијан Ветел со Ферари се одлучија за меките гуми.
Луис Хамилтон: "Беше толку блиску меѓу нас, денес ни требаа 100 проценти, а не 99. Бев задоволен со мојот круг и мислам дека направивме одлична колективна работа. Имавме напорна ноќ, а тимот беше беспрекорен во своите напори. Патеката беше добра, грипот беше неверојатен и се чувствував подобро од било кога."
"Ова е фантастична патека, денес не се прават вакви патеки, со доста нагорнини, доста кратка, многу технички и целокупно многу предизвикувачка. Дождот се јавуваше од време, на време, па беше тешко да се процени колку ќе биде лизгаво или не во следниот свиок. Тоа беше дефинитивно незгодно и за среќа дождот не се интензивираше, па, на крајот можевме да го користиме максимумот на болидот."
Себастијан Ветел: "Денес имавме добри кругови и менаџирањето со гумите беше навистина добро. На мојот последен настап во Q3, направив една мала грешка во 8-от свиок и тоа ме чинише одредено време и моментум. Знаев дека морам да форсирам малку повеќе, можеби тоа ќе се исплатеше, можеби не, и на крајот тоа не донесе резултат, но јас не се жалам, бидејќи имав добро чувство во болидот, кој беше добар да се вози."
"Стартот на меки гуми може да биде корисен за трката, освен ако не заврне дожд. Ние имаме проценка за тоа што би ни недостасувало во спринтот до првиот свиок, поради помалиот грип, но тоа е многу кратко растојание, па ќе видиме. Мислам дека текот на трката многу ќе зависи од работата што ќе ја направиме на стартот, за да биде се во ред."
Валтери Ботас: "Со темпото што го имав во текот на целиот викенд, чувствував дека ќе се борам за Пол позицијата, па, малку е разочарувачки оваа трета стартна позиција. Мислам дека денес првото место беше достапно. Јас бев повеќе од две десетинки побрз во почетокот на вториот брз круг во Q3, но изгубив малку време во 12-от свиок, а потоа бев првиот болид кој се движеше по угорнината и само губев време кон целната линија."
"Севкупно, ова беа силни квалификации за нас како тим и уште еден голема Пол позиција за Луис. И двајцата ќе стартуваме на помеката смеша за разлика од Ветел, така што утрешниот старт би можел да биде доста интересен. Ајде да почекаме и да видиме што ни носи утрешната трка."
ИЗЈАВИ НА НАЈБРЗИТЕ ТРОЈЦА ВОЗАЧИ
11/10/2018 11:32:00 PM
0
Tags
Share to other apps