Објавената фотографијата на официјалниот твитер на Хас на која нивните возачи се облечени во нивните нови униформи дава индиции за изгледот т.е. боите на нивниот 2019 болид. Шпекулациите се дека ќе доминираат црната и златна боја на нивниот нов спонзор, компанијата за енергетски пијалоци, Rich Energy.
Од тимот на Хас се одлучија еден ден пред официјалната презентација на новите бои да ја објават оваа фотографија на социјалните мрежи, на која Кевин Магнусен, Роман Грожан и тест возачот Пјетро Фитипалди се облечени во своите нови униформи.
Иако на неа не се прикажуваат возачите во своите тркачки комбинезони, оваа слика дава многу индиции за тоа како ќе биде изгледот на VF-19.
Rich Energy е спонзор на Хас од октомври минатата година. Оваа компанија е една од четирите компании во овој сектор, која се реши да се рекламира во Формула 1 Шампионатот. Мерцедес АМГ како спонзор го имаат Monster, Ред Бул го спонзорира најпознатиот бренд во оваа област, додека кај Рејсинг Поинт го имаме Hype Energy.
Во последниве денови Хас зборува за почетокот на новата ера, со што укажува на тоа ќе значи радикална промена на изгледот на нивниот болид. Но, ќе мора да почекаме до утре кога ќе се презентира конечниот изглед на VF-19 и дали присуството на Rich Energy е толку значајно за промена на корпоративните бои на Haas Automation.
Неколкуте шпекулативни фотографии на кои е прикажан новиот изглед потсетуваат на боите на Лотус во 70-тите и 80-тите години, кога тие за спонзор го имаа John Player Special.
НАВЕСТУВАЊЕ НА НОВИОТ ИЗГЛЕД НА ХАС Ф1 ТИМОТ
2/06/2019 11:37:00 AM
0
Share to other apps