Како што се очекуваше новиот изглед ги инкорпорираше црната и златна боја на новиот спонзор RichEnergy, Британскиот енергетски пијалок.
Новите бои за 2019 сезоната беа откриени од страна на нивните возачи, Роман Грожан и Кевин Магнусен, заедно со директорот на тимот Гинтер Штајнер и главниот извршен директор на Rich Energy, Вилијам Стори.
Покрај инфузијата на брендирањето со Rich Energy, Haas Automation го одржува својот истакнат распоред на VF-19, препознатливата светло сива боја поврзана со трите претходни изгледи на болидот на Хас.
Во тимот на Хас се надеваат дека ќе успеат да го подобрат успехот на VF-18, кој го освои 5-тото место во 2018 генералниот пласман на конструкторите. VF-19 продолжува да ги носи логоата на тимски партнери JACK & JONES, PEAK, BlueDEF, Richard Mille, Alpinestars и Pirelli.
"Ова е време на сезоната кога се надевате дека сте го дизајнирале и конструирале новиот болид на вистинскиот начин и веднаш ќе можете да бидете конкурентни на гридот", рече Џин Хас, основач на Хас Автоматика и претседател на Хас тимот.
"Новиот болид изгледа карактеристично, не само во однос на новата шема на бои, туку и со новите прописи во игра. Се надевам дека тие промени во дизајнот за 2019 година ќе го подобрат тркањето на патеките, и уште поважно ќе ни даде шанса да имаме поголемо влијание на секоја Гран При трка."
Дигитално рендерираните фотографии на VF-19, како дополнување на новата шема на бои на тимот, исто така, го прикажуваат влијанието на промените во правилата за новата сезона.
Поедноставеното предно крило е очигледно, сега 200мм пошироко и 20мм повисоко, дизајнирано за да им овозможи на возачите поблиску да се следат и зголемување на можноста за претекнување.
Слично на тоа, задното крило е направено поедноставно, како и 20мм повисоко и 100мм пошироко, за да се помогне слипстримингот и промовирање на повозбудливи трки.
Помалку видливи се репозиционираните странични крила, намалени во висина за 150мм и поместени кон напред за 100мм. Тие се дизајнирани за да се подобри протокот на воздух од предниот дел, што ги прави помалку аеродинамички попречувачки за болидот кој е назад.
Физичкото откривање на VF-19 ќе се одржи во 8 часот на 18 Февруари, пред гаражата на тимот на патеката Каталуња.
Првата пред-сезонска тест сесија ќе трае од 18-21 Февруари, втората од 26 Февруари- 1 Март на познатата патека во Барселона, пред почетокот на сезоната во Австралија на 17 Март.