Позната е теоријата дека ако болидот може да биде брз во Барселона, тогаш може да биде брз на повеќето патеки од календарот. Тоа е она што сите тимови ќе се обидуваат да се воспостави во текот на четирите тест дена.
Тест програмите се разработени до ситни детали, а нивното 100% спроведување ќе биде од голема корист за создавање на победнички болид. Секако тука е и правилното разбирање на интеракцијата помеѓу болидот и најновата генерација на Пирели гумите.
Покрај тоа, во 2019 година, техничките прописи за аеродинамиката се сменија, а болидите ќе може да трошат 5кг повеќе гориво. Може да се каже, дека ревидираните правила се нешто како камен-темелник во пресрет на една цела нова ера во Формула 1, која треба да се случи во 2021 година.
Предните и задните крила се многу поедноставни, што треба да овозможи намалување на турбулентниот воздух зад болидот. Зголемена ефикасност на ДРС-системот и намалување на димензиите на страничните крила се со цел што полесно претекнување.
Но, теоријата е едно, праксата сосема друго нешто. Првично 8-те тест дена ќе ни навестат дали е донесена вистинска одлука, но конечните заклучоци ќе ги видиме по првите неколку трки. Сепак конфигурацијата на патеката во Мелбурн не придонесува за многу претекнувања.
Тест сесиите на Каталуња, треба да ни дадат и првична слика за распоредот на силите помеѓу тимовите. Најдобрите од нив, вообичаено, не ги откриваат сите карти, тие не работат во квалификациски режим со минимална количина на гориво во резервоарите и не ја вклучуваат целосната моќност на погонските единици.
Она на што треба да се внимава се времињата при долгите стинтови кои може да бидат добар индикатор за вистинската состојба на нештата. За секој тим на овие тестови многу е важно секој круг да се користи со максимална ефикасност и да се комплетираат што е можно повеќе од нив без поголеми проблеми. Едно нешто што не може да се скрие, а тоа е издржливоста на ПЕ, ако некој има многу проблеми, така ќе биде и во текот на целата сезона.
Обично, прва сесија се користи да се проверат сите системи на болидите и да се работи на балансот на шасијата. Возачите ќе сакаат што подобро да ги разберат карактеристиките на новите болиди и новите гуми на Пирели, кои станаа значајна компонента за успешни резултати. И да го имате најбрзиот болид на гридот, ако не ги разберете гумите, нема да имате резултати.
Резултатите се секогаш релативни, но тимовите внимателно ќе се следат еден со друг. Како и секогаш, никој нема да знае кој има колку гориво во резервоарите и какви модови на ПЕ се користат, но, денес инженерите се опремени со многу алатки за работа и прибирање на информации, што најверојатно ќе им овозможи да го проценат соодносот на силите на гридот. Дали тоа ќе го споделат со јавноста е друго прашање.
ВОЗАЧИ ЗА ПРВАТА ПРЕД СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА | ||
ТИМ | ПОНЕДЕЛНИК, 18/2/2019 | ВТОРНИК, 19/2/2019 |
Мерцедес АМГ | Ботас/Хамилтон | Хамилтон/Ботас |
Ферари | Себастијан Ветел | Чарлс Леклерк |
Вилијамс | не учествува | Расел/Латифи |
Ред Бул | Макс Ферстапен | Пјер Гасли |
Рено | Рикиардо/Хулкенберг | Хулкенберг/Рикиардо |
Рејсинг Поинт | Серџо Перез | Ленс Строл |
Торо Росо | Данил Квјат | Алекс Албон |
Алфа Ромео | Кими Раиконен | Антонио Џовинаци |
Мекларен | Карлос Саинц Јр. | Ландо Норис |
Хас | Роман Грожан | Кевин Магнусен |
ТИМ | СРЕДА, 20/2/2019 | ЧЕТВРТОК, 21/2/2019 |
Мерцедес АМГ | Ботас/Хамилтон | Хамилтон/Ботас |
Ферари | Себастијан Ветел | Чарлс Леклерк |
Вилијамс | Латифи/Кубица | Кубица/Расел |
Ред Бул | Макс Ферстапен | Пјер Гасли |
Рено | Рикиардо/Хулкенберг | Хулкенберг/Рикиардо |
Рејсинг Поинт | Серџо Перез | Ленс Строл |
Торо Росо | Данил Квјат | Алекс Албон |
Алфа Ромео | Кими Раиконен | Антонио Џовинаци |
Мекларен | Карлос Саинц Јр. | Ландо Норис |
Хас | Грожан/Фитипалди | Фитипалди/Магнусен |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
Пред почетокот на првата пред сезонска тест сесија, Алфа Ромео официјално ќе го презентира својот 2019 болид. Комплетните извештаи и галерии од сите тимови ги имате на следниот линк: ПРЕЗЕНТАЦИИ.