"Се радувам на оваа нова авантура, која беше мој сон од детството. Отсекогаш сум размислувал за Ферари со надеж дека еден ден ќе бидам зад воланот на црвениот болид. Денес е многу емотивен ден за мене. Веќе четири години бев член на Ферари Академијата, тоа искуство ми помогна да напредувам, ментално и физички."
"Имав цел еден ден да се приклучам на овој тим, и тука сум. Не сум загрижен поради фактот што за тимски колега го имам Себастијан Ветел, за мене ова е голема шанса. Тој е Шампион, можам многу да научам од него. Сигурен сум дека не очекува прекрасна сезона. Клучно е да се работи заедно и да постигнеме одлични резултати за тимот. Не се сомневам дека ќе успееме."