Утринава, Роберт Кубица, на задоволство на Полските фанови за прв пат оваа недела излезе на патеката. Целата тест програма на Полјакот поради доцнењето со новиот болид, FW42, беше ограничена на половина ден и 48 кругови.
Иако од Пирели признаваат дека би можеле да бидат попрецизни во врска со објавените разлики помеѓу смешите, се вели дека првите проценки укажуваат на 0.6 разлика помеѓу најмеките гуми од нивниот 2019 опсег.
Изола рече дека има околу 0.7 секунди разлика меѓу поголемиот дел од смешите, што е во согласност со она што компанијата се надеваше за оваа сезона.
РАЗЛИКА ПОМЕЃУ СМЕШИ:
C1 - C2: 0.8-1.0 секунди
C2 - C3: 0.7 секунди
C3 - C4: 0.6 секунди
C4 - C5: 0.6 секунди
Во првата недела од тестовите, според аналитичарите кои се наоѓаат на Каталуња, Ферари е болидот кој ги импресионираше со брзината и стабилноста на новата ПЕ. Многумина сега ги нарекуваат фаворити, па дури и нивните ривали, Шампионот Луис Хамилтон и Тото Волф, но не е се толку едноставно.
Првата серија тестови заврши, следната недела тимовите ќе возат од вторник до петок.
Чарлс Леклерк го даде најдобриот одговор околу тест сесиите:
"Ова се само тестови, но, веднаш ми се допадна нашиот болид. Тој е стабилен, лесно е да се вози. Брзината на тестовите секогаш дава погрешни заклучоци, не треба да придавате големо значење на резултатите."
"Сигурен сум дека Мерцедес АМГ сè уште не ги открил сите свои адути, но, исто така и ние. Има толку многу прашања! Знаеме дека имаме конкурентен болид, но, ние не знаеме колку се брзи нашите ривали. Ајде да почекаме до првата трка."
2019 БАРСЕЛОНА I ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 4 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:17.393 | 24(C5) | |
2 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:17.637 | + 0.244 | 136(C5) |
3 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:17.785 | + 0.392 | 34(C5) |
4 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:17.857 | + 0.464 | 57(C5) |
5 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:17.977 | + 0.584 | 58(C4) |
6 | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:18.046 | + 0.653 | 138(C3) |
7 | Ландо Норис | Мекларен | 1:18.431 | + 1.038 | 132(C4) |
8 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:18.511 | + 1.118 | 154(C3) |
9 | Роман Грожан | Хас | 1:18.563 | + 1.170 | 64(C3) |
10 | Кевин Магнусен | Хас | 1:18.720 | + 1.327 | 66(C3) |
11 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:18.780 | + 1.387 | 146(C3) |
12 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:19.664 | + 2.271 | 72(C2) |
13 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:20.997 | + 3.604 | 17(C3) |
14 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:21.547 | + 4.149 | 48(C2) |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |