"Одредени детали од овој болид можеа да се видат и на минатогодишниот, но, она што го гледаме е целосно нов производ. За жал, денес не носам тркачки комбинезон, па не можам веднаш да седнам во него и да одам на патеката."
"Во секој случај, јас сум многу среќен и со нетрпение чекам да го тестирам во акција. Мислам дека Чарлс е исто толку нестрплив. Матија Биното е дел од тимот многу години, повеќе од кој било од нас. Можеби само Пјер Ферари се сеќава како дојде на работа во Скудерија."
"Матија и јас работевме заедно во последните пет години, сега нашите односи ќе се развијат на малку поинаков начин, и јас го чекам тоа. Што се однесува до Чарлс, тој е ангажиран во тркањето целиот свој живот. За него, доаѓањето во Ферари е голем чекор напред, и тој е многу среќен за тоа."
"Со нетрпение го очекувам почетокот на новата сезона и мислам дека тимот има сè за да успее. Се надевам дека ќе продолжиме да напредуваме."