Исто така има нови случувања на техничко ниво. Андреас Зајдл е нов извршен директор, а долгогодишниот технички директор на Торо Росо, инженерот Џејмс Ки, исто така, ќе се придружи во наредните месеци, и доколку е потребно ќе работи како технички директор.
Концептот и процесот на дизајн на Мекларен MCL34, придвижуван од ПЕ на Рено E-Tech 19, се фокусира на поставување на темелите за развој на болидот во текот на целата сезона.
На MCL34 продолжува да доминира исконската папаја портокалова боја, која што Брус Мекларен ја избра за првата трка на тимот во Формула 1 во 1966 година. Шемата на бои за оваа година е прогресија од 2018 година, дополнета со сина боја која што го одразува поширокото тркачки наследство на тимот.
Зак Браун , извршен директор на Мекларен: "MCL34 е резултат на огромна напорна работа и посветеност на целиот тим. Сите сме посветени на заедничка цел, мотивирани и обединети во желбата да ја повратиме конкурентноста на Мекларен."
"MCL34 е почеток на овој процес. Имаме новa возачка постава која ја претставува новата талентирана генерација на Формула 1. Семејството Мекларен не е само нашиот персонал и возачите, туку и нашите партнери и посветените фанови."
"Имаме силни деловни партнери, нивниот број продолжува да расте, како и неверојатни фанови кои го поддржуваат тимот за време на успех и пораз. Сакам да им се заблагодарам што со нас ја започнаа 2019 година. Како и секогаш, неустрашно се движиме напред."
Карлос Саинц Јр. #55: "Со нетрпение го очекувам почетокот на тест сесиите и се радувам што конечно ќе настапам во боите на Мекларен. Знам дека во текот на зимата целиот тим работеше многу напорно на подготвките за новата сезона и, мислам дека тимот создаде фантастична шема на бои за MCL34."
"За време на зимската пауза, посебно внимание им посветив на моите подготовки. Имав нови програми за обука, нова диета, конкретни сесии на симулаторот, и многу повеќе работев со инженерите за да ги прилагодам некои аспекти на болидот кон моите возачки преференци."
"Кога се вратив во Велика Британија, базата на тимот ми стана мојот втор дом, и целиот тим се движи во вистинската насока. Ние знаеме дека не очекува тешка задача пред нас, и најпрво треба да разбереме кои позиции на гридот ќе ги имаме по пред-сезонски тестови. Потоа, ќе се радувам на трките, и ние ќе продолжиме да се движиме напред заедно."
Ландо Норис # 4: "Следна станица, Барселона! Сериозно, не можам да дочекам да се вратам зад воланот на тест сесиите. Работев напорно во текот на зимата, подготвувајќи се за мојето деби во Формула 1. Поминав многу време со тимот во фабриката, учејќи колку што можев повеќе за да се подготвам за 2019 сезоната."
"Mојот сон уште како дете беше да се натпреварувам во Формула 1. Добив корисно искуство зад воланот за време на тренинг сесиите во 2018 година, па сега навистина се радувам на дебитирањето со Мекларен. MCL34 изгледа одлично и сега само сакам да го возам."
ШАСИЈА - ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
ПОГОНСКА ЕДИНИЦА - ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
МОТОР - ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
ЕРС СИСТЕМ - ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
МЕНУВАЧ - ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ