Тимот на Алфа Ромео се реши да го испроба својот нов 2019 болид на патеката Фиорано, четири дена пред официјалната презентација закажана за 18 Февруари на патеката во Барселона.
По стапките на Ред Бул, болидот на Алфа Ромео беше обоен во камуфлажни бои на кои доминираат срца и детелинки со четири листа во комбинација на темно црвена и црна боја.
Зад воланот на новата Алфа беше Кими Раиконен. Во очекување на повеќе официјални детали од прес службата на Алфа Ромео Рејсинг, останува да донесуваме сами заклучоци од фотографиите достапни на интернет.
АЛФА РОМЕО ГО ТЕСТИРАШЕ 2019 БОЛИДОТ
2/14/2019 03:10:00 PM
0
Share to other apps