Возачот на Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон, го задржа монополот на Пол позициите на Австралиските Гран При, што тој ги држи од 2014 година, со уште едно најбрзо време во квалификациите, користејќи ги меките гуми на Пирели од почеток до крај на секоја од трите сесии.
Забележаното време на Хамилтон го сруши рекордот на Алберт Парк од минатата година. Алан Џонс, Ф1 шампионот од 1980 година, ја додели наградата на Пирели за најбрзиот возач.
Теоретски, според инженерите на Пирели, најбрзата стратегија за утрешната трка е две застанувања во бокс, и тоа два стинта од по 21 круга на меките гуми, по што следи пократок финален стинт од 16 круга на медиумот.
Во пракса, тимовите најчесто се одлучуваат за едно застанување за промена на гумите, што е прилично блиска стратегија во однос на целокупното време и во секој случај носи помал ризик, особено затоа што Алберт Парк е патека каде претекнувањето не е толку лесно.
Оптималната стратегија за едно застанување во бокс е да се стартува на меките гуми со стинт од 27 круга, а потоа да се премине на медиум смешата до самиот крај на трката. Многу блиску до ова решение е алтернативата, почетен стинт од 24 круга на маките гуми, а потоа стинт од 34 круга на тврдата смеша.
Возачот на Ред Бул ќе има потреба од вистинската стратегија, за стартот од 17-тата позиција во што поголем напредок низ гридот.
Новото правило со кое се доделува еден поен за возачот кој ќе го забележи најбрзиот круг (доколку финишира во Топ 10), може да ги натера некои од возачите да ја одберат стратегијата со две застанувања во бокс, секако под правилни околности.
ПИРЕЛИ: НАЈДОБРАТА СТРАТЕГИЈА ЗА АВСТРАЛИСКОТО ГП
3/16/2019 10:35:00 AM
0
Share to other apps