По тест сесиите во Барселона, Ферари важеше за фаворит за врвот, а Мерцедес АМГ јавно призна дека Италијанскиот тим се чини дека има предност. Луис Хамилтон на вчерашната прес конференција инсистираше дека проценките на Мерцедес АМГ за нивниот дефицит за време на тестирањето не беа залажување на јавноста.
Но, како и секогаш, денес Британецот без поголем напор успеа да го забележи најбрзото време на двете тренинг сесии во Австралија, при што на попладневниот Мерцедес АМГ беше речиси секунда побрз од најблискиот конкурент. Тоа беше Ред Бул, а не Ферари.
По завршување на тренинзите Себастијан Ветел изјави дека е навистина изненаден од перформансите на Германскиот тим.
"Тоа беше по малку изненадување. Мислам дека се многу брзи. Не знам дали ние имавме проблеми во подесувањето на болидот, исто така, и другите тимови, но, мислам дека тие денес беа без конкуренција. Тие изгледаат многу посилни отколку што тврдеа пред викендот."
"Ние не ги знаеме причините зошто бевме толку побавни, но ги бараме. Ако ги најдете, покажете ни ги или доведете ги во нашата гаража. Можам да почувствувам дека го имам болидот што го имав на тестирање, но, тој не однесува на истиот начин, и затоа ми недостига доверба, да притиснам до самиот лимит."
Чарлс Леклерк призна дека првиот тренинг бил многу позитивен, но рече дека имал проблеми со работната температура на гумите и ветерот за време на вториот тренинг.
"На крајот, сигурно е дека немавме добар почеток на викендот во Австралија. На утрешните квалификации ќе видиме каде сме точно во поредокот. Дали има потреба за паника? Не, не сеуште."
Луис Хамилтон: "Навистина е убаво што се вративме на вистинското тркање. Времето е фантастично и имам позитивни вибрации од денешното однесување на нашиот болид, тоа е она во што уживам. Го чувствувам исто како во Барселона, што е многу позитивна работа со доаѓањето на поинаква патека. Немавме проблеми на патеката, не беше лош почеток, но, има многу работи што можеме да ги подобриме."
"Она што сега треба да го направиме е aнализирање на сите податоци, како што тоа секогаш го правиме во петокот навечер. Но, факт е дека имаме два болиди кои возеа без проблеми, ниту еден од нас не направи грешка, што многу кажува за нашите можности."
Валтери Ботас: "Болидот беше многу подобар отколку на тестирањето. Не донесовме многу нови делови, но успеавме да го оптимизираме пакетот што го имаме. Тоа беше солиден почеток, но времињата во петок не се важни. Ќе биде интересно да се гледаат утрешните квалификации."
Даниел Рикиардо, домаќинот на оваа трка има свое видување на денешниот ден: "Денешните табели се помалку чудни. Ги гледате Мерцедес АМГ и Ред Бул на врвот, каде што требаше да биде и Ферари. Утре ги очекувам на врвот. Не знам дали имаа некои проблеми ова попладне или беа до врв наполети со гориво или едноставно не се брза, но тоа е лудост."
"Кими мислам дека беше петти, така што утре ние ќе имаме сосема блиска борба, во настојувањето да се извози чист круг. Две десетинки може да значат три или четири позиции, понапред или поназад."
Кими Раиконен, на втората тренинг сесија за Австралиското ГП, го забележа шестото најбрзо време, но вели дека не треба да се брза со заклучоци и да се почекаат резултатите од квалификациите.
"Денот заврши добро. Работевме според нашата програма, но, утре може да се зголеми ветерот, што ќе ја комплицира ситуацијата. Во принцип, денес немавме проблеми. Утре ќе го дознаеме распоредот на силите. На оваа патека не е лесно да се најдат вистинските подесувања на болидот и да се извози еден круг без грешки, па не знам што да очекувам од квалификациите. Утре секој ќе нападне. Ајде да видиме какви резултати ќе имаме на крајот."
КОЈ КОГО ЗАЛАЖУВА?!? ЌЕ ДОЗНАЕМЕ НА УТРЕШНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ!!!
3/15/2019 11:21:00 AM
0
Tags
Share to other apps