Алфа Ромео, Победникот на Првата Гран При трка во инаугуралниот шампионат на Формула 1, оддаде почит на најважната серија на трки во мотоспортот, која брои милиони фанови, ентузијасти низ целиот свет. Трката #1000 ќе се одржи во недела во Кина.
Долгата и возбудлива историја на Формула 1 започна во 1950 година на патеката Силверстоун, со Големата Награда на Велика Британија. Таа беше одржана на 13 Мај пред 69 години.
Трките радикално се променија од тогаш, но, две работи се исти. Ентузијазмот на фановите и присуството на Алфа Ромео на стартната линија на првата и на илјадатата трка.
Тимот на Алфа Ромео учествуваше со четири "158-ки" управувани од Џузепе "Нино" Фарина, Хуан Мануел Фанџо, Луиџи Фаџиоли и Рег Парнел, последниот како знак на почит кон земјата домаќин.
Болидите ги освоија првите четири места во квалификациите и го заземаа целиот прв стартен ред. Потсетувајќи се на тие денови, инженерот на "Алфа Ромео", Џузепе Бусо, еднаш изјави дека вистинскиот проблем за тимот од трите "Ф", Фарина, Фанџо и Фаџиоли, беше да се утврди редоследот на Победничкиот Подиум.
Алфа Ромео 158 имала 350КС и достигнала до максимална брзина од 290 км/ч. Нино Фарина ја освои Пол позицијата, го забележа Најбрзиот круг и беше Победник на трката.
До крајот на првиот шампионат, Алфа Ромео 158 победи на шест од седумте трки кои се бодуваа за генералниот пласман, по неучеството на Индианаполис 500, од страна на сите европски производители. Алфа Ромео остана непоразен по првата трка во Силверстоун, освојувајќи ги првите три места во генералниот пласман.
Нино Фарина беше првиот Ф1 Шампион на новоформираната Формула 1. Успехот се повтори во следната година, кога и 159-ката ја освои Шампионската Титула, овој пат благодарение на Шампионот, Хуан Мануел Фанџо.
За жал, успесите тука запираат. Двете Титули беа освоени со предвоена технологија, девет мотори изградени пред II Светска војна. Алфа Ромео, како државна компанија, не успева да добие финансики средства од Италијанската влада за одржување на овој скап проект за тоа време.
АЛФА РОМЕО - ЕДИНСТВЕНИОТ ТИМ ПРИСУТЕН НА 1-ТА И 1000-ТАТА Ф1 ТРКА
4/12/2019 02:48:00 PM
0
Share to other apps