Немаше драма на денешната четврта трка на оваа многу незгодна градска патека, па Финецот откако одолеа на нападите од својот тимски колега на стартот од истата, со фокусирано и прецизно возење прв ја мина целната линија.
Второто место остана за Луис Хамилтон, пред Ферарито на Себастијан Ветел, со што Сребрените стрели ја забележаа четвртата последователна 1-2 Победа.
Со гаснењето на црвените светла, Пол позицијата на Ботас веднаш беше ставена под притисок од страна на Луис Хамилтон, кој имаше подобар старт. Сепак, Финецот, добро се бранеше низ првите неколку свиоци и успеа да го одржи своето водство како што болидите се доближуваа кон Старото јадро на Баку, каде претекнувањето е речиси невозможно.
Себастијан Ветел го задржа третото место, но зад него, Макс Верстапен имаше незгоден старт и беше претекнат од Серџо Перез со болидот на Рејсинг Поинт. На младиот Холанѓанецот му требаа неколку круга да го стабилизира болидот на Ред Бул и на крајот од 4-от круг на долгиот правец, со помош на ДРС-системот, тој лесно го претекна Мексиканецот за да си го поврати четвртото место.
Зад нив, возачот на Ферари, Чарлс Леклер, кој стартуваше од 9-тата позиција на медиум гумите на Пирели се пробиваше кон врвот, откако на стартот тој падна назад на 11-тото место. Веќе по комплетирани седум круга од трката тој се врати на 5-тото место, две секунди зад Макс Верстапен. Возачот на Ферари ја искористи предноста на ДРС-системот и неговите сега подобри медиум гуми за да го претекне Холанѓанецот на крајот од 10-от круг.
Како и Леклер, Пјер Гасли, исто така, стартуваше на медиум гумите на Пирели, но и од пит-линијата по многуте добиени казни во текот на вчерашниот ден. Французинот, ја максимизираше можноста жолтите гуми да траат подолго на патеката, но и со добрите перфомансите на Хонда ПЕ во својот болид, тој се искачи на шестото место веќе на почетокот од 14-от круг.
Дека за Ферари голем дел од нивните проблеми се и гумите на Пирели, го потврдува фактот што нивните инженери го повикаа Себастијан Ветел за промена на црвените(меки) гуми, многу рано, веќе во 11-от круг, 4 круга пред ефективниот опсег предвиден од инженерите на Пирели.
Германецот беше првиот што повлеже нога, а со тоа предизвика реакција и од другите возачи кои беа на црвени гуми. Макс Верстапен беше еден од нив, по што излезе на патеката на 6-тото место зад неговиот тимски колега.
Тој брзо се доближи до Гасли, и со оглед на тоа што возачите беа на различни стратегии, Французинот лесно го пропушти својот тимски колега, со што Холанѓанецот повторно се најде на 5-тото место.
Напред, на врвот беше Леклер, кој допрва требаше да застанува за промена на гуми, со три секунди пердност во однос на Ботас и дополнителни 3.5 секунди пред Хамилтон, кој пак имаше три секунди предност во однос на Себастијан Ветел.
На крај од 31-от круг, Валтери Ботас беше на само 1,1 секунда до Моначанецот, кој имаше задача да го задржува Мерцедесот, со што му овозможи на Ветел да остане во контакт со Хамилтон и Ботас.
Сепак, Финецот го претекна Моначанец веќе во 32-от круг, а веднаш потоа следеа Хамилтон и Ветел. Тоа беше знак за Ферари, во 34-от круг да го повика во бокс својот возач за промена на жолтите со црвени гуми.
Повеќето од аналитичарите, но и ние обичните фанови, се прашуваат за оправданоста на овој потег на Италијанците, со кој Ветел не доби ништо, а Моначанецот можеби изгуби шанса за Победничкиот Подиум.
Но, се е релативно, особено со фактот што беше прашање колку црвените гуми на Пирели би издржале до финишот на трката, доколку од Ферари се одлучеа да го повикаат Леклер порано во бокс.
Тој се врати на 6-тото место, зад Пјер Гасли. Возачот на Ред Бул еден круг успеваше да одолее на нападите од Леклер, но, тешко да можеше да стори нешто против возачот на Ферари, па, беше претекнат веќе на крајот од 36-от круг. Гасли повторно се најде на шестото место, со солидна предност од 30 секунди пред Серџо Перез, на седмото место.
На Французинот не му било пишано да ја заврши трката, кога неколку круга подоцна тој одеднаш драматично забави и мораше да се паркира покрај патеката, поради механички проблем на неговиот Ред Бул. Веднаш во сила беше воведено ВБВ.
Кога тоа беше повлечено, Ботас имаше солидно водство од три секунди пред Луис Хамилтон, кој пак беше 2.3 секунди пред Себастијан Ветел. Хамилтон успеа да се доближи до Ботас на два круга пред крај на трката, но, во настојувањето да изгради позиција за напад, направи грешка, по што му ја предаде втората сезонска Победа на Финецот.
Макс Верстапен го освои третото четврто место пред Чарлс Леклер, кој со забележување на најбрзиот круг во трката си заслужи дополнителен поен во трката. Серџо Перез го освои шестото место за Рејсинг Поинт, пред возачите на Мекларен, Карлос Саинц Јр. на 7-мо и Ландо Норис на 8-то место.
Исто така, тимот на Рејсинг Поинт ги имаше двата свои возачи во топ 10 пласман, со Ленс Строл на 9-тото место. Кими Раиконен до освои последниот поен, со финиширање на 10-тото место, со старт од пит-линијата.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ТРКАТА
Голема Награда на Азербејџан, Баку. 51 круг, 306.306км., Време: Сончево. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1ч31:52.942 |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 1.524 |
3. | Себастијан Ветел | Ферари | + 11.739 |
4. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 17.493 |
5. | Чарлс Леклер | Ферари | + 1:09.107 |
6. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 1:16.416 |
7. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | + 1:23.826 |
8. | Ландо Норис | Мекларен | + 1:40.268 |
9. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1:43.816 |
10. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
11. | Алекс Албон | Торо Росо | + 1 круг |
12. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
13. | Кевин Магнусен | Хас | + 1 круг |
14. | Нико Хулкенберг | Рено | + 1 круг |
15. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 2 круга |
16. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 2 круга |
НАЈБРЗ КРУГ: ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - 1:43.009 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
17. | Пјер Гасли | Ред Бул | дефект |
18. | Роман Грожан | Хас | дефект |
19. | Данил Квјат | Торо Росо | дефект |
20. | Даниел Рикиардо | Рено | дефект |
2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч32:52.366 2017 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 2ч03:55.573 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч43:44.291 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч31:52.942 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 4/21*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Валтери Ботас | 87 | |
2. | Луис Хамилтон | 86 | |
3. | Себастијан Ветел | 52 | |
4. | Макс Верстапен | 51 | |
5. | Чарлс Леклерк | 47 | |
6. | Серџо Перез | 13 | |
7. | Пјер Гасли | 13 | |
8. | Кими Раиконен | 13 | |
9. | Ландо Норис | 12 | |
10. | Кевин Магнусен | 8 | |
11. | Нико Хулкенберг | 6 | |
12. | Карлос Саинц ЈР. | 6 | |
13. | Даниел Рикиардо | 6 | |
14. | Ленс Строл | 4 | |
15. | Алекс Албон | 3 | |
16. | Данил Квјат | 1 | |
17. | Антонио Џовинаци | 0 | |
18. | Роман Грожан | 0 | |
19. | Џорџ Расел | 0 | |
20. | Роберт Кубица | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 173 | |
2. | Ферари | 99 | |
3. | Ред Бул | 64 | |
4. | Мекларен | 18 | |
5. | Рејсинг Поинт | 17 | |
6. | Алфа Ромео | 13 | |
7. | Рено | 12 | |
8. | Хас | 8 | |
9. | Торо Росо | 4 | |
10. | Вилијамс | 0 |