Мекларен го објави официјалниот изглед на болидот #66 со кој Фернандо Алонсо ќе настапи на 103-тата трка Индианаполис 500, закажана за 26-ти Мај 2019 година, на која Шпанецот ќе се обиде да ја обезбеди тројната круна на врвниот мотоспорт.
Болидот е дизајниран и конструиран во базата на тимот во Вокинг, Велика Британија, и изгледа идентично на овогодинешната Ф1 шема на бои. За потсетување сината боја го одрзува тркачкото наследство на тимот, додека изборот на бројот 66 е во чест на првата победа на Мекларен во Брикјард, забележана од Марк Доноу со Пенске М16.
Фернандо Алонсо коментираше: "Возбуден сум што конечно можеме да му го откриеме на светот болидот #66 со кој ќе се натпреварувам за Мекларен на Инди500 во Мај месец. Тимот работеше многу напорно за да го подготви овој болид за враќање на исконскиот Брикјард и мислам дека изгледа фантастично во 2019 боите на Мекларен. Моите надежи за трката остануваат исти, да Победам и да ја освојам тројната круна."
ПРИКАЖАН ИНДИ БОЛИДОТ #66 ЗА ФЕРНАНДО АЛОНСО
4/08/2019 07:19:00 PM
0
Share to other apps