Следува импресивен викенд во светот на мотоспортот, со трки за сите вкусови, за сите љубители на тркањето на две и четири тркала. Формула Е шампионатот продолжува со трка во Рим, додека Америка е домаќин на трката во Мото ГП, на патеката на Америките во Остин.
Кога сме во Америка викендов имаме трки во Индикар и Наскар сериите.
Но, врвот на сите нив е Големата Награда на Кина, 1000-тата трка во Формула 1 Шампионатот. 1000 Гран При трки, тоа е голем број и неверојатно долг временски период.
Моментите како овој јубилеј заслужуваат достојна прослава и тоа е време за еден потсетник дека Формула 1 Шампионатот е извонредна креација која често се зема здраво за готово.
Зачетоците на Светски Шампионат во мотоспортот го имаме со формирањето на Интернационалната Асоцијацијата на признаени авто-клубови (AIACR), која подоцна стана ФИА, со организирање на светски шампионат на производители, почнувајќи од 1925 година, кој траеше шест сезони.
Прв Победник беше Алфа Ромео, потоа Бугати, па Делаж. Во следните три години не беше доделена титула поради недоволен број на трки.
АИКАР потоа се обидела да ја продолжи оваа традицијата само како Европски Шампионат од 1931 до 1939 година, што веројатно би еволуирал во првиот вистински светски шампионат, доколку не започнела Втората светска војна.
По завршување на истата, со ново име и водство на Џедан де Роан-Шабот, ФИА во 1949 година објавува дека Светскиот Шампионат ќе започне во 1950 година, со одржување на првата трка во Силверстоун.
Како најзаслужен за оваа идеја најчесто се споменува Антонио Бривио, маркизот Сфорца, тркачки возач и олимписки велосипедист. Но, во реалноста, идејата за светски шампионат најверојатно беше групен напор, чиј тек на настани е изгубен во историјата.
Британското, Француското, Белгиското и Италијанското Гран При го сочинуваа календарот во 1950 година, заедно со Индианаполис 500.
И покрај тоа што се возеше по некомпатибилни правила со Европските трки, Инди500, се чини дека е додадена за оправдување на етикетата "Светски" шампионат.
За да се долови колку беше ирелевантна оваа трка ќе напоменеме дека, од сите 33 возачи кои забележаа поени на Индианаполис 500, нити еден од нив не забележа нити еден поен на која било друга трка од шампионатот.
Од друга страна речиси нити еден возач од останатите гран при трки немаше амбиции да се трка во Америка. Најпознатиот исклучок беше Алберто Аскари, кој ја прескокна Гран При трката во Швајцарија во 1952 година за да се натпреварува во Инди, но се повлече од тој настан.
Првата Титула Светски Шампион беше освоена од возачот на Алфа Ромео, Џузепе Фарина на Италијанското ГП во 1950 година.
Од таа година Светскиот Шампионат во Формула 1(збир на правила и прописи, кои сите производители, а подоцна конструктори треба да ги почитуваат) ја зголемуваше својата популарност како глобален шампионат во мотоспортот, потпомогнат од фактот што неговиот статус го направи погоден за телевизиско покривање во многу земји.
Не дека немаше пречки во текот на годините, како недостатокот на Ф1 болиди, катастрофата во Ле Ман во 1955 година, гледањето како закана за европскиот мотоспорт, политичките махинации, обиди за бегство и формирање други шампионати, редовни економски кризи, доаѓањето и одењето на тимови, нафтената криза, многубројните трагедии, FISA-FOCA војната и многу други закани го нарушуваа мирот во Формула 1, но шампионатот успешно пркосеше на се.
Дури и денес, со бескрајни теории за проблеми, егзистенцијални закани и кризи, Шампионатот сè уште се држи како една целина. Тоа е таа робустност која гарантира дека во многу делови од светот, водечката форма на мотоспортот е Формула 1 Шампионатот.
Другите категории на мотоспортот, можеби имаа можност да го победат овој шампионат, но никогаш не се покажаа кохерентни или доволно стабилни за да го направат тоа во пракса.
ВО ПРЕСРЕТ НА 1000-ТОТО ГРАН ПРИ
4/11/2019 12:50:00 AM
0
Share to other apps