Меѓународната патека Шангај е како динамичен пејзаж, со својата огромна главна трибина и елиптичен Падок клуб, кој е преплетен со многу мостови, и со сигурност може да се каже дека е една од најубавите патеки во Ф1 Шампионатот. Во меѓувреме, изгледот на апартманите на тимовите во падокот е незгоден да се разбере како древна кинеска поговорка. Тие се поставени за да личат на "Шанг" кинеска буква, што значи "високо/над".
Првиот комплекс на свиоци на оваа патека е еден од најтешките во календарот и потребен е прецизен пристап и излез од нив. Започнува со вртење од 270 степени кон десно кое бара агресивен влез, сопирање низ целиот свиок, за да на крај следи ненадејна промена на насоката. По овој свиок следуваат серија на брзи свиоци, повторно правец и уште еден сет на свиоци слични на тие од број 1 до 3, но во обратна насока.
Следува уште еден долг правец кој завршува со свиок од 180 степени, принудувајќи ги возачите да намалат од 315 на 65км/ч. Тоа воедно е едно од најдобрите места за претекнување.
Инженерите на Пирели се враќаат на номинацијата од Австралија, т.е. смешите C2, C3 и C4. Најмеката C4 смеша е најпопуларниот избор на повеќето возачи, со избор помеѓу седум и девет комплети. На другиот крај од опсегот, повеќето возачи се решија за по еден или два сета од најтврдата C2 смеша, освен Антонио Џовинаци, која има три сета на располагање.
Околу 80% од кругот се свиоци, што значи дека дејството на страничните сили е клучен фактор. Возачите ќе треба да го избегнуваат пролизгувањето на задните тркала, со цел да се минимизира нивната деградација.
ДРС зоните остануваат исти како и минатата година. Точката на детекција на првата зона е кај 12-от свиок, а точката за активирање е 752м пред 14-от свиок. Точката на детекција на втората зона е 35м пред 16-от, со активација на 98м. по 16-от свиок.
Најновата временска прогноза најавува добро време во деновите од викендот со минимална веројатност за врнежи. Во петокот во Шангај се очекува сончево време, со температури до +19°C.
Во саботата, метеоролозите предвидуваат делумно облачно време со нула веројатност за врнежи и температури до +21°C. Во недела, делумно облачното време ќе остане, ќе биде потопло до +22°C, а веројатноста за врнежи за време на трката е проценета на 10%.
Мерцедес АМГ ја започна сезоната со две 1-2 Победи, за водство во Шампионатот на конструкторите. Возачите на овој тим, исто така, се на врвот од генералниот пласман, со Валтери Ботас еден поен предност во однос на Луис Хамилтон.
Сепак, Ферари со доминантното освојување на првиот стартен ред во Бахреин и водството на Чарлс Леклерк во поголем дел од трката најавуваат нова и пожестока директна битка на асфалтот за време на Кинеското Гран При.
Зад водечките тимови, конкуренцијата е уште пожестока, па веќе по првите две трки имаме 9 од 10-те Ф1 тима со забележани поени. Време е Ферари да излезе како победник, па да може да кажеме дека Италијанците ќе бидат достоен противник на сребрените стрели и дека не очекува интересна сезона пред нас.
Се надеваме на уште еден фасцинантен викенд пол со акција, а деталниот временски распоред и го имате на со клик на следниот ЛИНК.