И покрај ова достигнување, Ботас не е целосно задоволен од резултатот што тој не го постигнал од 2018 Руското ГП, сугерирајќи дека предноста од три десетини над Италијанците би можела да биде уште поголема.
По тешка недела во Бахреин, Финецот повторно покажува добра форма од почетокот на сезоната во Мелбурн. Утре тој ќе мора да се спротистави на нападите од Луис Хамилтон, кој на крајот од квалификациите го пронајде вистинскиот баланс на својот Мерцедес.
Себастијан Ветел го забележа третото најбрзо време во Кина, но признава дека Сребрените стрели денес не биле во нивни домет. Денес победи Мерцедес АМГ, поради големата брзина во свиоците, но, од Ферари се надеваат на добар старт, а нивната брзина на правците треба да помогне во тоа и во понатамошниот тек трката.
Големо разочарување за Ред Бул при она што требаше да бидат финални брзи круга. Тие беа задржани во последниот свиок пред почетокот на нивните круга, па ниту Макс, ниту Пјер не успеаа да ја преминат навреме линијата за да го комплетираат нивниот последен брз круг круг, ситуација што го разгневи Холанѓанецот.
Германецот во редовите на Ферари го поремети ритамот на возачите на Ред Бул на крајот од нивните подготвителни кругови, со својата намера да стигне навреме за својот брз круг.
Гужвата на патеката му дозволи на Леклер да се искачи на 4-тата стартна позиција и да се придружи на неговиот тимски колега, Себастијан Ветел, на вториот стартен ред.
Од третиот стартен ред трката ќе ја започнат болидите на Ред бул, со Ферстапен пред Гасли.
Топ 10 Пласманот на денешните квалификации го заокружија возачите на Рено, Рикиардо и Хулкенберг, и Хас, Магнусен и Грожан кои излегоа на патеката, но не успеаа да ги комплетираат своите брзи круга.
Останува да очекуваме возбудлива трка, која стартува утре во 08:10 MK со директен пренос на ТВ24 Вести.
ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА КИНА - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:31.547 | |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:31.570 | + 0.023 |
3. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:31.848 | + 0.301 |
4. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:31.865 | + 0.318 |
5. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:32.089 | + 0.542 |
6. | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:32.930 | + 1.383 |
7. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:32.958 | + 1.411 |
8. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:32.962 | + 1.415 |
9. | Кевин Магнусен | Хас | / | / |
10. | Роман Грожан | Хас | / | / |
Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:31.637 | ||||
11. | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:33.236 | + 1.599 |
12. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:33.299 | + 1.662 |
13. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:33.419 | + 1.782 |
14. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:33.523 | + 1.886 |
15. | Ландо Норис | Мекларен | 1:33.967 | + 2.330 |
Q1 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:32.658 | ||||
16. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:34.292 | + 1.634 |
17. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:35.253 | + 2.595 |
18. | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:35.281 | + 2.623 |
19. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | / | / |
20. | Алекс Албон | Торо Росо | / | / |
107% време: 1:39.144 | ||||
ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - ШАНГАЈ
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:53.860(Д)2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:35.782 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:35.402 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:31.678 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:31.095 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:31.547
@МкФормула1 - Република Македонија
@MkFormula1 - Republic of Macedonia
|