Валтери Ботас беше најбрз на денешните квалификации за ГН на Кина и влезе во историјата како возачот кој ќе стартува од Пол позицијата на 1000-та Формула 1 трка.
"Досега, викендот се одвива добро по мене, и јас ќе стартувам од Пол позицијата! Се чувствував многу комфорно зад воланот на мојот болид уште од утринскиот тренинг, а потоа и во квалификациите."
"Да бидам искрен, при последниот брз круг имав мали тешкотии, па не беше лесно да се комплетира совршен круг, но тоа беше доволно брзо за пол позицијата. На крајот и Луис, значително го подобри своето темпо што донесе добар резултат за нашиот тим."
Луис Хамилтон го имаше второто најбрзо време, губејќи го својот тимски колега за само 0.027 делови од секундата.
"Во квалификациите извозив со сите сили, но, морам да му честитам на Валтери, кој од самиот почеток на викендот изгледаше многу самоуверен. Од петокот имав потешкотии, постепено се надградував. Во одреден момент бев осум десетинки зад Валтери, и добро е што на крајот загубив со многу помалку."
"За тимот ова е неверојатен резултат! Можеби можев да возам малку побрзо, но ќе се обидам да го земам првото место во трката. Ферари е многу брз на правците, но, изгледа дека ние сме побрзи низ свиоците, за што сум многу благодарен на нашиот персонал. Тимот внимателно ги проучуваше информациите од тестовите и двете претходни трки, па резултатите од оваа работа се позитивни!"
Себастијан Ветел ја освои третата стартна позиција, а го добил истиот впечаток како и Хамилтон. Мерцедес АМГ се многу брзи во свиоците, но, се надева дека нивната предност на правците ќе им помогне во трката.
"Од првата сесија на квалификациите се гледаше дека Мерцедес АМГ се во подобра форма. Мислам дека имавме добра сесија. Можеби, беше возможно да се вози малку подобро, но јас сум задоволен што дури успеав да го извозам последниот брз круг, бидејќи времето брзо истекуваше. Во еден момент, од тимот ми рекоа дека имам само десет секунди."
"Можевме да возиме малку побрзо, но сепак немаше да биде доволно да бидеме понапред од Мерцедес АМГ. Тие се неверојатно брзи во свиоците. Ако во трката може да се доближиме до нив, тогаш ќе се обидеме да ја искористиме нашата брзината на правците. Можеби можеме да направиме нешто."
РАЗМИСЛУВАЊЕ НА НАЈБРЗИТЕ ВОЗАЧИ НА ДЕНЕШНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ
4/13/2019 12:32:00 PM
0
Tags
Share to other apps