Интересот на медиумите за дебито во Ферари на Мик Шумахер беше огромен, а неговата кариера најдетално се следи во Холандија, каде го доживуваат како потенцијална закана за Макс Верстапен. Холанѓанецот веќе 5-та година е во Формула 1, додека Шумахер се уште го нема своето деби во врвниот мотоспорт, иако, разликата во старост е само една и пол година.
Холандскиот аналитичари кои ја следат Формула 1, а со кои потполно се согласуваме, а тоа беше и наш првичен впечаток, е дека сме многу скептични кон способностите на синот на седумкратниот Ф1 Шампион. На дебито во Ф2 Шампионатот и двата тест дена со Ферари и Алфа Ромео не покажа некои резултати вредни за истакнување.
Но, многу возачи имаа најдобри резултати пред да влезат во Формула 1, но, не успеваат кога ќе дојде она вистинското. Вистинските шампиони се откриваат веднаш, а останатите остануваат во посечноста. Тоа е разликата помеѓу Шампион и едноставен талент.
Минатата година имавме минимално медиумско покривање на ГП2/Ф2 трките, кога листата на учесници беше доволно силна за да обезбеди тројца возачи за Формула 1. Оваа сезона конкуренцијата е послаба во однос на 2018 година, а имаме големо медиумско внимание.
Не е тешко да се заклучи дека новинарите одлучија да обрнат внимание кон Ф2 само поради 20-годишниот Мик Шумахер. Имено над 30 новинари се појавиле за првата медиумска сесија на Мик на патеката Сахир. Тоа го немаат ни многу од тековните Ф1 возачи.
Никогаш во поновата историја на Ф2 не се случило еден возач да биде сметан за главен конкурент за Ф1 место пред да комплетира барем една трка во овој шампионат. Сепак, името Шумахер ги фрли сите останати во сенка. Репутацијата на неговиот татко носи одредени очекувања.
Прашање е дали тој медиумски притисок ќе дејствува позитивно или негативно на неговата кариера. Повеќето аналитичари имаат впечаток дека младиот Шумахер е "дебелокожец" како и неговиот татко и дека многу малку работи продираат низ неговиот дебел оклоп околу него.
Сепак, ако ги гледаме настапите на неговиот татко, каде и тој не беше нешто особено во јуниор тркачките категории. Главното прашање е, дали Мик е навистина талент за да стане шампион или ќе остане во просечноста како неговиот чичко, Ралф Шумахер.
Тимот за кој настапуваш е многу важна работа во Формула 1, а фактот што Шумахер е возач на Ферари, ќе помагне во голема мерка за покажување на неговите способности. Веќе по првиот настап изјави дека се чувствува како дома во тимот од Маранело.
Покрај огромниот притисок, презимето Шумахер, му донесе многу полесно отварање на "вратите" во неговата тркачка кариера. Шансата му е дадена, за која тој мора вредно и напорно да работи. Мик ќе мора да докаже дека може да се справи со притисокот, во исто време докажувајќи се како еден од најбрзите возачи во јуниор категориите. Нема баш лесна задача зад себе. Но, не е се до резултатите.
МИК ШУМАХЕР - ТАЛЕНТИРАН ВОЗАЧ ИЛИ ТОВАР НА НЕГОВОТО ПРЕЗИМЕ
4/04/2019 11:17:00 PM
0
Share to other apps