Со голема медиумска помпа беше проследено дебито на Мик Шумахер, синот на седумкратниот Ф1 Шампион, кој најпрвин седна во болидот на Ферари, за денес да го испроба болидот на Алфа Ромео.
Во Торо Росо го искористија фактот што дебитантот Александар Албон има само две трки зад себе, па имаше шанса да вози и на двата тест дена. Тоа беше потпомогнато и со фактот што Даниел Квјат имаше два тест дена за потребите на Пирели со вториот болид на Торо Росо. За тимот на Хас тестираше Пјетро Фитипалди, 22-годишниот син на Емерсон Фитипалди, двократен Ф1 Шампион.
Втор болид на патеката имаше и тимот на Мекларен, каде се одлучија да му дадат шанса на Фернандо Алонсо да го испроба 2019 болидот на овој тим. Шпанецот имаше само пофални зборови и изјави дека тој е подобрен во секој можен аспект.
Неочекувано за Бахреин, првиот тест ден го попречи дождот, па повеќе од четири часа тимовите само чекаа во своите боксеви, бидејќи нити еден од нив немаше избрано интермедиа и гуми за дожд. Никој не очекуваше дека ќе им бидат потребни.
Денешениот ден помина во добри временски услови, па се надомести за пропуштеното. Пред пладне тимовите се обидуваа да најдат одговори за нивните проблеми, а забележување на најбрзото време не беше во прв план. Тоа се промени при крајот на денот, во вечерните часови, кога времињата започнаа да паѓаат.
Најбрзото време на вториот ден беше забележано од Џорџ Расел, но не со болидот на Вилијамс, туку тој на Мерцедес АМГ. Најмногу круга зад своето име запиша дебитантот Александар Албон.
Следната недела, Формула 1 се сели во Кина за јубилејната 1000-та Ф1 Трка, а следната сезонска тест сесија ќе се одржи на патеката Каталуња, по Шпанското ГП, на 14 и 15 Мај.
2019 БАХРЕИН ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 2 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Џорџ Расел | Мерцедес АМГ | 1:29.029 | 101(C5) | |
2 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:29.095 | + 0.067 | 61(C5) |
3 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:29.319 | + 0.289 | 103(C3) |
4 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:29.795 | + 0.765 | 21(C3) |
5 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:29.911 | + 0.881 | 111(П) |
6 | Мик Шумахер | Алфа Ромео | 1:29.998 | + 0.968 | 70(C5) |
7 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:30.037 | + 1.007 | 143(C4) |
8 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:30.049 | + 1.019 | 35(C5) |
9 | Дан Тиктум | Ред Бул | 1:30.856 | + 1.827 | 135(C4) |
10 | Роман Грожан | Хас | 1:30.903 | + 1.874 | 87(C4) |
11 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:31.006 | + 1.976 | 69(П) |
12 | Пјетро Фитипалди | Хас | 1:31.209 | + 2.179 | 48(C3) |
13 | Ландо Норис | Мекларен | 1:31.303 | + 2.273 | 72(C2) |
14 | Џек Ајткин | Рено | 1:31.500 | + 2.470 | 103(С4) |
15 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:32.198 | + 3.168 | 100(C4) |
16 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:32.269 | + 3.239 | 60(П) |
* П - Прототип, тест за Пирели
@МкФормула1 - Република Македонија@MkFormula1 - Republic of Macedonia |