Шампионот го издржа притисокот на Макс Верстапен, кој финишираше како втор на патеката, но по аплицирање на неговата казна од 5 секунди, тој подиумот го отстапи на Себастијан Ветел и Валтери Ботас.
На стартот од трката Луис Хамилтон успеа да се одбрани и го задржа водството по првиот свиок пред Ботас, Верстапен и Ветел. Она што беше интересно, се одвиваше во долниот дел на гридот, а најголема заслуга имаше Чарлс Леклер, кој по катастрофалните квалификации за него, мораше за стартува од 15-тата позиција.
Како што и најави во текот на вчерашниот ден, локалниот херој стави се на една карта и започна напредок низ гридот по секоја цена. Набрзо се искачи на П13, а потоа започна да го брка Роман Грожан.
Французинот на влез во Rascasse свиокот, остави малку простор и Леклерк со многу ризик нурна од внатрешноста на болидот на Хас за да го украде неговото 12-то место.
Надевајќи се повторен успех, Моначанецот се одлучи да се обиде со ист маневар со Реното на Нико Хулкенберг. Сепак, овој пат, просторот беше премногу тесен и Леклер со десното задно тркало удри во бариерите покрај патеката.
Само што го помина влезот во боксевите, стана јасно дека тој заработи дупната гума. Со цела патека за поминување, тој започна премногу да го форсира својот болид, за што побрзо да влезе за промена на гумите, но неговата гума брзо почна да се распаѓа.
Додека да стигне до боксевите, тој остави хаос од парчиња гума и карбон по патеката, по што беше воведено Безбедносното Возило за да се исчисти асфалтот од остатоците.
Леклер се врати на патеката на медиум гуми, но со сериозно оштетување на подот од неговиот болид, по што тој мораше да се повече од трката по само 16 комплетирани круга. Жртва на овој инцидент беше и Нико Хулкенберг, кој исто така, имаше дупната гума.
За време на БВ сите 4 водечки болиди се решија за влез во боксевите за промена на гумите. Први беа двајцата возачи на Мерцедес АМГ кои истовремено се упатија кон боксот.
Двајцата нивни возачи преминаа на медиум гумите, со што Хамилтон логично менуваше прв. Доцнењето на Ботас му овозможи на Макс Верстапен, кој излезе на тврдите гуми на Пирели, можност за напад низ пит-линијата и успеа да се изедначи со Финецот.
Доколку Холанѓанецот беше малку повнимателен и не завршеше во болидот на Мерцедес АМГ, можеби ќе се извлечеше од доделената казна од 5 секунди на небезбедно пуштање од бокс.
Дополнително Валтери Ботас заработи и дупната гума, по што мораше повторно во бокс на крајот од следниот круг, кога премина на тврдите гуми. Неговата трка беше уништена и тој падна на 4-тото место зад Себастијан Ветел.
По рестартот на трката немаше промени на позиции, па Макс Верстапен и неговиот инженер започнаа да ги разгледуваат варијантите за анулирање на добиената казна. Решено беше дека најефикасниот начин за тоа е да врши притисок врз Хамилтон, кој требаше да ги менаџира своите медиум гуми до крајот на трката. Холанѓанецот од 30-от круг беше 0,5 секунди зад возачот на Мерцедес АМГ, принудувајќи го шампионот да ги потроши гумите повеќе отколку што би сакал.
И покрај константниот притисок, тој не успеваше да најде начин да помине покрај Хамилтон. Кога веќе започна да снемува време за напад, на два круга пред крајот на трката, следуваше ризичен напад за престигнување на излезот од тунелот.
Холанѓанецот се обиде со касно сопирање да "нурне" од внатрешната страна на свиокот, но неговите тркала блокираа по што следуваше контакт предна десна со задна лева гума, по што Британецот мораше да превземе избегнувачки маневар, за да не би дошло до поголеми последици по него и болидот на Ред Бул.
Двајцата возачи продолжија еден зад друг, по што Хамилтон беше во можност да ја помине целната линија за својата 77-та Ф1 Победа. Тој беше проследен од Макс Верстапен, но со казната од пет секунди, тој падна на четвртото место зад Себастијан Ветел и Валтери Ботас.
Следуваше Пјер Гасли, за пласман на одлично петто место, со тоа што Французинот го освои и поенот за најбрзиот круг во трката, искористувајќи ја својата предност за безбеден пит-стоп за меки гуми.
Зад Гасли, Карлос Саинц Јр. го освои шестото место за Мекларен, додека Торо Росо уживаше во профитабилен ден со Даниел Квјат на седмото и Алекс Албон на осмо место, пред Реното на Даниел Рикиардо. Последнот поен беше за Роман Грожан кој по финишот го изгуби своето 9-то место поради казната од 5 секунди, што му беше доделена поради возење врз жолтата линија по излезот од бокс.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ТРКАТА - НАСКОРО
| Голема Награда на Монако, Монте Карло. 78 круга, 260.286км., Време: Сончево/Облачно. |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч43.28.437 |
| 2. | Себастијан Ветел | Ферари | + 2.602 |
| 3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 3.162 |
| 4. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 5.537 |
| 5. | Пјер Гасли | Ред Бул | + 9.946 |
| 6. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | + 53.454 |
| 7. | Данил Квјат | Торо Росо | +54.574 |
| 8. | Алекс Албон | Торо Росо | + 55.200 |
| 9. | Даниел Рикиардо | Рено | + 1:00.894 |
| 10. | Роман Грожан | Хас | + 1:01.034 |
| 11. | Ландо Норис | Торо Росо | + 1:06.801 |
| 12. | Кевин Магнусен | Хас | + 1 круг |
| 13. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
| 14. | Нико Хулкенберг | Рено | + 1 круг |
| 15. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
| 16. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
| 17. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 18. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 1 круг |
| 19. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 2 кругa |
| НАЈБРЗ КРУГ: ПЈЕР ГАСЛИ - 1:14.279 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 20. | Чарлс Леклер | Ферари | судир |
| 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч49:27.661 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч49:18.420 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес AMГ - 1ч59:29.133 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч44:44.340 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1ч42:54.807 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес AMГ - 1ч49.50.443 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
| ***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 6/21*** | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Луис Хамилтон | 137 | |
| 2. | Валтери Ботас | 120 | |
| 3. | Себастијан Ветел | 82 | |
| 4. | Макс Верстапен | 78 | |
| 5. | Чарлс Леклерк | 57 | |
| 6. | Пјер Гасли | 32 | |
| 7. | Карлос Саинц ЈР. | 18 | |
| 8. | Кевин Магнусен | 14 | |
| 9. | Серџо Перез | 13 | |
| 10. | Кими Раиконен | 13 | |
| 11. | Ландо Норис | 12 | |
| 12. | Данил Квјат | 9 | |
| 13. | Даниел Рикиардо | 8 | |
| 14. | Алекс Албон | 7 | |
| 15. | Нико Хулкенберг | 6 | |
| 16. | Ленс Строл | 4 | |
| 17. | Роман Грожан | 2 | |
| 18. | Антонио Џовинаци | 0 | |
| 19. | Џорџ Расел | 0 | |
| 20. | Роберт Кубица | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 257 | |
| 2. | Ферари | 139 | |
| 3. | Ред Бул | 110 | |
| 4. | Мекларен | 30 | |
| 5. | Рејсинг Поинт | 17 | |
| 6. | Хас | 16 | |
| 7. | Торо Росо | 16 | |
| 8. | Рено | 14 | |
| 9. | Алфа Ромео | 13 | |
| 10. | Вилијамс | 0 | |








