Во текот на првиот тренинг ден изгуби многу време поради технички проблеми на неговиот болид, додека синоќа имаше посериозно излетување со голема брзина.
По инцидентот, Фернандо беше пренесен во медицинскиот центар како мерка на претпазливост, но, по кратко време беше пуштен да се врати во својот тим. Коментирајќи во врска со инцидентот, Алонсо призна дека тоа е неговата грешка.

