Како резултат на тоа имаме и ротација на болидите и тркачките инженери, по секој изминат викенд. Од наша страна гледано некако нелогично нешто, но се во интерес на доаѓање до израз на возачките и инженерските способности на секоја натпреварувачка.
На тренинг сесиите учествуваат и двете резерви, кои би влегле во игра доколку некоја од 18-те избрани натпреварувачки мора да се откаже.
| ЗОЛДЕР, САБОТА 18 Мај | |
| КВАЛИФИКАЦИИ 09:50-10:15 МК | |
| ТРКА 16:10 МК | |
На половината од попладневната сесија заврна дожд, што можеби ја спречи Чадвик да ја покаже својата неприкосновена брзина во однос на останатите натпреварувачки.
Таа и Висер се менуваа на врвот во текот на првата половина на вториот тренинг, а кога се појави дождот Холанѓанката имаше побрзо време за 0.342 делови од секундата, по што во втората половина поредокот остана непроменет.
Марта Гарсија го имаше третото најбрзо време, што беше подобрување од утринската сесија каде што беше шеста.
Алис Пауел, која беше втора во Хокенхајм и накратко беше најбрза во првата сесија, не успеа да комплетира нити еден круг во втората сесија.
Ема Кимилаинен, една од фаворитките за висок пласман, која имаше судир на првата трка во Хокенхајм, финишираше со петтото најбрзо време, пред Фабиен Волвенд во шестата позиција.
Италијанката, Вики Пириа, беше единствената натпреварувачка која прдизвика црвено знаме, откако заврши во чакалот покрај патеката за време на првиот тренинг, додека
По првaтa трка од новиот шампионат имаше критики од јавноста за препознатливоста на натпреварувачките. Раководството на Формула Ж веднаш реагираше и како што може да забележите го прилагодија изгледот на болидите за полесно распознавање кој возач е зад воланот.
НАЈНОВА ВЕСТ: 29-годишната Белгијка, Сара Бови, беше прогласена за една од двете резервни возачи на шампионатот, но овој викенд таа ќе добие шанса да стартува на својата домашна трка во Золдер.
Необично е што Амелија Луис, инженер од Мекларен, кој обично работи во базата во Вокинг, но исто така соработува со Формула Ж, ќе стане тркачки инженер на Бови. Значи, на утрешните квалификации и трка ќе имаме 19 натпреварувачки.
Џејми Чадвик: "Ми се допаѓа патеката. Таа е навистина добра и "старa школа", слично на британските патеки, како што се Олтон Парк или Брендс Хеч. Добро се забавував на неа и имав голема насмевка на моето лице уште од првиот круг. Ова е прв пат да возам во Золдер, па морав да ја научам патеката и да се обидам да влезам во ритам што е можно побрзо. Значи, мислам дека има можности за да бидам побрза, но, се надевам на блиска борба."
Бајтске Визер: "Минатата година, јас возев тука и ова е многу добра патека, на која нема место за грешка, но јас дефинитивно уживам во тоа. Имавме малку дожд на почетокот од вториот тренинг, но, не доволно за сериозно да се навлажни патеката. Потоа почна да врне, но не и доволно за гуми за дожд, па решивме да не излегуваме повторно на асфалтот."
| ЗОЛДЕР - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ДРЖАВА | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1 | Џејми Чадвик | В.Британија | 1:28.862 | |
| 2 | Ема Кимилаинен | Финска | 1:29.379 | + 0.517 |
| 3 | Бајтске Визер | Холандија | 1:29.418 | + 0.556 |
| 4 | Џесика Хокинс | В.Британија | 1:29.684 | + 0.822 |
| 5 | Алис Пауел | В.Британија | 1:29.716 | + 0.854 |
| 6 | Марта Гарсија | Шпанија | 1:29.920 | + 1.058 |
| 7 | Фабиен Волвенд | Лихтенштајн | 1:30.105 | + 1.243 |
| 8 | Мики Којама | Јапонија | 1:30.452 | + 1.590 |
| 9 | Гоша Рдест | Полска | 1:30.904 | + 2.042 |
| 10 | Вивиен Кеслеј | Унгарија | 1:30.927 | + 2.065 |
| 11 | Сара Мур | В.Британија | 1:31.008 | + 2.146 |
| 12 | Сара Бови | Белгија | 1:31.008 | + 2.146 |
| 13 | Есми Хоки | В.Британија | 1:31.022 | + 2.160 |
| 14 | Шеј Холбрук | Америка | 1:31.071 | + 2.209 |
| 15 | Сејбр Кук | Америка | 1:31.229 | + 2.367 |
| 16 | Вики Пириа | Италија | 1:31.370 | + 2.508 |
| 17 | Наоми Шиф | Германија | 1:31.395 | + 2.533 |
| 18 | Тасмин Пепер | ЈАР | 1:31.527 | + 2.665 |
| 19 | Кејтлин Вуд | Австралија | 1:31.790 | + 2.928 |
| 20 | Меган Гилкс | Канада | 1:34.099 | + 5.237 |
ИСТОРИЈА - #WRace2 - Золдер
2019 Џејми Чадвик - 1:28.862
|
||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
||||
| ЗОЛДЕР - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ДРЖАВА | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1 | Бајтске Визер | Холандија | 1:29.490 | |
| 2 | Џејми Чадвик | В.Британија | 1:29.832 | + 0.342 |
| 3 | Марта Гарсија | Шпанија | 1:29.986 | + 0.496 |
| 4 | Тасмин Пепер | ЈАР | 1:30.133 | + 0.643 |
| 5 | Ема Кимилаинен | Финска | 1:30.225 | + 0.735 |
| 6 | Фабиен Волвенд | Лихтенштајн | 1:30.229 | + 0.739 |
| 7 | Гоша Рдест | Полска | 1:30.756 | + 1.267 |
| 8 | Сејбр Кук | Америка | 1:30.958 | + 1.468 |
| 9 | Есми Хоки | В.Британија | 1:30.978 | + 1.488 |
| 10 | Сара Мур | В.Британија | 1:31.000 | + 1.510 |
| 11 | Вики Пириа | Италија | 1:31.386 | + 1.896 |
| 12 | Кејтлин Вуд | Австралија | 1:31.387 | + 1.897 |
| 13 | Шеј Холбрук | Америка | 1:31.409 | + 1.919 |
| 14 | Наоми Шиф | Германија | 1:31.487 | + 1.997 |
| 15 | Сара Бови | Белгија | 1:31.551 | + 2.061 |
| 16 | Мики Којама | Јапонија | 1:31.561 | + 2.071 |
| 17 | Меган Гилкс | Канада | 1:31.883 | + 2.393 |
| 18 | Џесика Хокинс | В.Британија | 1:31.943 | + 2.453 |
| 19 | Алис Пауел | В.Британија | / | / |
| 20 | Вивиен Кеслеј | Унгарија | / | / |
ИСТОРИЈА - #WRace2 - Золдер
2019 Бајтске Визер - 1:29.490
|
||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
||||





