Квалификациската сесија речиси секогаш е клучна за исходот на трката во Монте Карло. Претекнувањето е речиси невозможно, па стартниот поредок често го одредува и резултатот на трката. Во последните десет години, освојувачот на Пол позицијата има победено во шест трки.
На вака кратка патека, резултатите секогаш се блиски, борбата се одвива за секоја десетинка од секундата, а желбата да се ризикува малку повеќе, понекогаш носи резултати, но често и малери. Линијата помеѓу успехот и неуспехот е многу тенка во Монако.
Тоа на своја кожа го почувствува Чарлс Леклер кој пред домашната публика имаше неуспешен и малерозен ден. Во Ферари одлучија дека неговиот прв брз круг во Q1 е доволен за понатаможен пласман, но, на крај Моначанецот на изненадување на сите, па дури и сопствениот тим, испадна од понатамошната борба вече во Q1 сесијата.
Чарлс Леклер: "Го прашав тимот дали ќе има уште еден обид, но, ми беше кажано - не, мислиме дека со овој резултат ќе поминеме во втората сесија. Немам објаснување што се случи. Да се соочиш со таква грешка е многу тешко. Имавме доволно време."
"Инцидентот со задолжителното мерење не ме забави воопшто, имаше доволно гориво во резервоарот, беше доволно само да ги смениме гумите. Се надевам дека тимот ќе ми објасни сè. Се надевам дека утре ќе имаме дожд, тогаш трката ќе се претвори во лотарија, а ако имаме суво време таа ќе биде досадна."
"Ќе морам да ризикувам и да возам на самиот лимит на болидот, на работ на излетување, но тоа е единственото нешто што ми преостанува, бидејќи престугнувањето во Монако е неверојатно тешко."
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ
| ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА МОНАКО - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:10.167 | |
| 2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:10.252 | + 0.086 |
| 3. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:10.641 | + 0.475 |
| 4. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:10.947 | + 0.781 |
| 5. | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:11.041 | + 0.875 |
| 6. | Кевин Магнусен | Хас | 1:11.109 | + 0.943 |
| 7. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:11.218 | + 1.052 |
| 8. | Данил Квјат | Торо Росо | 1:11.271 | + 1.105 |
| 9. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:11.417 | + 1.251 |
| 10. | Алекс Албон | Торо Росо | 1:11.653 | + 1.487 |
| Q2 Најбрзо Време: Макс Верстапен - 1:10.680 | ||||
| 11. | Нико Хулкенберг | Рено | 1:11.670 | + 1.052 |
| 12. | Ландо Норис | Мекларен | 1:11.724 | + 1.106 |
| 13. | Роман Грожан | Хас | 1:12.027 | + 1.409 |
| 14. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:12.115 | + 1.497 |
| 15. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:12.185 | + 1.567 |
| Q1 Најбрзо Време: Себастијан Ветел - 1:11.434 | ||||
| 16. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:12.149 | + 0.715 |
| 17. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:12.233 | + 0.799 |
| 18. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:12.846 | + 1.412 |
| 19. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:13.477 | + 2.043 |
| 20. | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:13.751 | + 2.317 |
| 107% време: 1:16.220 | ||||
| ХИБРИДНА ИСТОРИЈА - МОНТЕ КАРЛО 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:15.989 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:15.098 2016 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:13.622 2017 Кими Раиконен - Ферари - 1:12.178 2018 Даниел Рикиардо Ред Бул 1:10.810 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:10.167 | ||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia | ||||


