Луис Хамилтон ја забележа својата 85-та Пол позиција во Формула 1, негова втора во оваа 2019 сезона и втора во кариерата во Монте Карло. Валтери Ботас ќе ја стартува утрешната трка од П2 на гридот, неговата најдобра позиција на патеката во Монако.
Денешните резултати ја одбележаа 59-тата Пол позиција на Хамилтон со Мерцедес АМГ, што го направи возачот со најмногу први позиции за еден тим.
Макс Верстапен ќе стартува од третата позиција, по одличните квалификации за Ред Бул и Торо Росо. Холанѓанецот ќе се обиде да излезе пред двајцата возачи на Мерцедес АМГ на стартот од трката.
Неговиот тимски колега, Пјер Гасли беше 5-ти, Даниел Квјат 8-ми и дебитантот Александар Албон на 10-то место во неговото прво Ф1 искуство на гламурозните улици на Монте Карло.
Сите Топ 10 возачи на утрешната ГН на Монако, 15:10 MK, ќе стартуваат на меката смеша на Пирели.
Луис Хамилтон: "Ова е еднa од најдобрите пол позиции што ги помнам. Имавме голем успех со текот на годините, но навистина не можам да се сетам на пол позиција што ми значи колку што е оваа."
"Ова беше толку тешка недела за целиот тим и за мене лично. Неверојатно е што се појавивме овде како тим, продолжувајќи да чекориме напред заедно и да се подобруваме за време на викендот. Јас сум толку горд на сите."
"Ова е викенд со облаци над нас, па ние навистина се обидуваме да се бодриме еден со друг и се обидуваме да успееме за Ники. Не сум имал многу успешни настапи во Монако во текот на годините, никогаш не сум го добил тој совршен круг, но, мислам дека денес бев најблиску што можам да дојдам до него. Ова е за Ники."
Валтери Ботас: "Јас дефинитивно се чувствував како да имам брзина за да бидам на Пол позицијата. Мојот прв круг во Q3 сесијата беше брз, но имав две или три десетинки во џебот. Бев заглавен во сообраќајот за мојот последен круг во Q3, па моите гуми не беа доволно загреани за вториот брз круг. Веднаш штом го започнав, можев да почувствувам дека немам доволно грип и за време на истиот на екранот видов дека Луис ја зеде Пол позицијата."
"За мене лично тоа е вознемирувачки, но за тимот ова е уште еден неверојатен резултат. Имаме долга трка пред нас и се може да се случи. Стинтот до првиот свиок е многу краток во Монако, па затоа е тешко да се направи разлика, но јас ќе продолжам да давам се од себе и да ја искористам секоја можност што може да ми се укаже."
Макс Верстапен: "Ова беа возбудливи квалификации и среќен сум што ќе стартувам од третата позиција, бидејќи мислам дека тоа беше максимално што можеме да го направиме денес. Секој во тимот работеше многу напорно за оваа трка, па се надевам дека тие исто така можат да бидат задоволни со ова постигнување."
"Се разбира, како возач и тркач секогаш сакаш да бидеш на Пол позицијата, но исто така мора да се биде реален. Во Q2 сесијата изгледавме прилично добро, но знаев дека Мерцедес АМГ не ги имаат откриено сите свои адути. Во Q3 имавме проблеми со загреаноста на гумите, што не чинеше малку време, но сепак мислам дека немавме доволно за предниот ред."
"Генерално, се чувствувам добро во болидот и постојано се трудиме да се подобриме. Се разбира, овде е тешко да се претекнува, па ќе биде голем предизвик да се напредува во трката, но ако можеме да останеме блиску тогаш кој знае што може да се направи со стратегијата. Што и да се случи, ќе давам се од себе, како и секогаш, за најдобар можен резултат."
ИЗЈАВИ НА НАЈБРЗИТЕ ВОЗАЧИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ
5/25/2019 09:20:00 PM
0
Tags
Share to other apps



