Британецот излезе прво на медиум гумите, но кога се префлри на меките, го изгуби задниот дел од својот болид низ свиоците 8 и 9, по што го оштети и сесијата за него беше завршена.
Шампионскиот тим беше речиси за секунда побрз од своите ривали во утринските часови, но, тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас беше претекнат од двата болиди на Ферари во попладневната нивна пресметка на меките гуми.
Макс Верстапен со помош на тврдите, бели гуми, беше со пласман помеѓу Мерцедесите и Ферари, но неговиот брз круг на меките гуми беше уништен кога налета на својот тимски колега, Пјер Гасли, кој се движеше полека низ последната шикана.
Младиот, но искусен Холанѓанец, влезе широко низ свиокот и го допре ѕидот на шампионите. Иако успеа да се врати во својата гаража, тоа беше крај на неговата сесија и тој заврши на 13-тото место на табелата.
Со Хамилтон и Верстапен долу во поредокот, а Гасли доволно брз за само 12-тата позиција, Мекларен се најде на четвртото место со Карлос Саинц Јр., кој заостануваше само 0.376 делови од секундата зад најбрзото време. Кевин Магнусен го стави Хас во Топ 5 пласман.
Неговиот тимски колега, Роман Грожан и миленикот на домашната публика, Ленс Строл ќе бидат испитани по завршувањето на сесијата за инцидентот во кој двајцата се допреа тркало со тркало, за време на нивниот дуел во последната шикана.
Следуваат Саботниот тренинг и Квалификациите во 20:00 часот по Македонско време, кои треба да ни ги појаснат работите, кои моментално водат кон доминација на Мерцедес АМГ.
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ТРЕНИНГ 2
| 2019 КАНАДА ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:12.177 | 39 | |
| 2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:12.251 | + 0.074 | 38 |
| 3 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:12.311 | + 0.134 | 46 |
| 4 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:12.553 | + 0.376 | 45 |
| 5 | Кевин Магнусен | Хас | 1:12.935 | + 0.758 | 41 |
| 6 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:12.938 | + 0.761 | 8 |
| 7 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:13.003 | + 0.826 | 39 |
| 8 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:13.016 | + 0.839 | 40 |
| 9 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:13.168 | + 0.991 | 42 |
| 10 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:13.171 | + 0.994 | 37 |
| 11 | Ландо Норис | Мекларен | 1:13.249 | + 1.072 | 38 |
| 12 | Пјер Гасли | Ред Бул | 1:13.345 | + 1.168 | 38 |
| 13 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:13.388 | + 1.211 | 22 |
| 14 | Алекс Албон | Торо Росо | 1:13.436 | + 1.259 | 45 |
| 15 | Даниел Квјат | Торо Росо | 1:13.521 | + 1.344 | 40 |
| 16 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:13.542 | + 1.365 | 41 |
| 17 | Роман Грожан | Хас | 1:13.598 | + 1.421 | 39 |
| 18 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:14.870 | + 2.693 | 16 |
| 19 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:15.036 | + 2.859 | 36 |
| 20 | Роберт Кубица | Вилијамс | 1:15.287 | + 3.110 | 44 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - ЖИЛ ВИЛНЕВ
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:16.118
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:15.988 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:14.212 2017 Кими Раиконен - Ферари - 1:12.935 2018 Макс Верстапен - Ред Бул - 1:12.198 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:12.177 |
|||||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||





