На 13 Jуни во Париз, ФИА и Формула 1 менаџментот се сретнаа со шефовите и техничките директори на 10-те Ф1 тимови, средба на која учествуваа и претставници на Пирели, како и возачите Луис Хамилтон, Нико Хулкенберг и Алекс Вурц, претседател на асоцијацијата на возачи. Учесниците на состанокот едногласно одлучија да се одложи презентацијата на конечните верзии на техничките и спортските регулативи за 2021 година и понатаму.
Иако сите заинтересирани страни веруваат дека нацрт-документите ги земаат во предвид сите клучни цели, во интерес на спортот е да се искористи овој период за да се спроведат дополнителни консултации и да се разјаснат формулациите. Ова ќе обезбеди највисок квалитет на новите правила и прописи.
Учесниците на состанокот планираат голем број на состаноци во наредните месеци, на кои ќе продолжи работата на реформите за 2021 година.
Неофицијално се шпекулира дека најмалите 5 тима биле против ова одлагање, но потоа се согласиле да гласаат ЗА, откако се потпишал документ со кој буџетаските ограничувања претставени претходно нема да бидат ревидирани.
Така, од 2021 година, буџетот на тимовите нема да смее да надминува 175 милиони долари. Минимални корекции се возможни, нагоре или надолу во зависност дали ќе има повеќе или помалку од 21 трка во една сезона.
Во исто време, од следната 2020 сезона ќе започне да функционира таканаречената "мека" верзија на буџетските ограничувања, што ќе му овозможи на раководното тело и тимовите да ги прилагодат методите и начините за целосна транзиција кон новиот принцип на финансирање. Следната година, во случај на надминување на висината на буџетот, нема да се применуваат санкции.
ОДЛОЖЕНА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА 2021 ПРАВИЛАТА И ПРОПИСИ
6/14/2019 01:15:00 PM
0
Tags
Share to other apps