Дизајнот на патеката дозволува повеќе можности за тркање, а варијантата избрана за Формула 1 трката е долга 5.8км и покрај миксот на многу свиоци вклучува и неколку долги правци, кои завршуваат со предизвикувачки свиоци, како тој со број 10, кој се наоѓа на крајот од најдолгиот правец со име Мистрал.
Патеката е изградена во 1969 година благодарение на длабоките џебови на индустрискиот магнат Пол Рикард. Таа беше отворена на 19 Април 1970 година со трка на дволитарски автомобили пред Формула 1 да стане главен настан една година подоцна. 1.8-километарскиот правец со име Мистрал (денес прекинат на 1км. поради безбедносни ризици со креирање на нова шикана) и издолжениот дизајн на патеката се главна одлика на патеката.
Со заминувањето на Формула 1, патеката се префрли на мотоцикли и локални трки, за по смртта на Ричард во 1997 година на 88-годишна возраст, патеката биде продадена во 1999 година на Excelis, компанија во сопственост на поранешниот главен извршен директор на Формула 1, Берни Еклстоун.
Ова ќе биде домашна трка за Роман Грожан и Пјер Гасли.
Големата Награда на Франција се врати во Ф1 календарот од минатата година, а предуслов за тоа беше реновирање на патеката Пол Рикард. Беше поставен нов асфалт, кој мораше да биде колку што е можно помазен и пред сè, без никакви нерамнини, ниту премногу лизгав, ниту премногу абразивен.
Исто така беа модифицирани три свиоци на 5.8 километарската патека: Влезот во вториот свиок беше проширен за да се олесни стартот и да се создаде технички свиок кој бара силно сопирање, а многу бавниот свиок 5 и свиоците 14-15 беа проширени за да се зголеми брзината при нивно поминување, со што би се овозможиле повеќе претекнувања за време на трката. За оваа година променет е влезот во боксевите кој сега започнува од 14-от свиок, а не како порано по 15 свиок, како што е обележано со црвената линија на фотографијата што следи.
Поради безбедност сите зони на излетување се асфалтирани, поради што возачите може да превземаат поголеми ризици. Живописните бои со кои се обоени овие зони на излетување не се само за шоу.
Дебелите линии со сина, црна и црвена боја имаат практична цел. Црните и сините области имаат површина со мешавина од асфалт и волфрам. Втората, подлабока зона на излетување, обоена во црвена боја, има зголемена абразивна површина дизајнирана за да го максимизира грипот на гумите, со што би се минимизирало растојанието за сопирање. Со оваа иновацијата Пол Рикард стана првата патеката што од ФИА беше означена како "центар на извонредност - Centre of Excellence".
Околу патеката се работеше на:
- Изградба на нов медиумски центар (капацитет 500 новинари);
- Изградба на нов падок (16.000 м2);
- Инсталација на привремени трибини (51.000 седишта);
- Инсталација на безбедносни огради на ФИА;
- Изградба на три нови пристапни порти на запад од објектите;
- Монтирање на семафор на влезот од стартниот правец, пред главните трибини;
- Нови пешачки мостови за полесно движење на фановите.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
ТРЕНИНГ 1 | 11:00-12:30 MK | Претежно Сончево, 26/33°C | |
ТРЕНИНГ 2 | 15:00-16:30 MK | Претежно Облачно, 29/29°C | |
ТРЕНИНГ 3 | 12:00-13:00 MK | Претежно Сончево, 25/31°C | |
КВАЛИФИКАЦИИ | 15:00-16:00 MK | Претежно Сончево, 26/30°C | |
7% шанси за дожд | |||
ТРКА | 15:10 MK | Сончево, 31/35°C | |
0% шанси за дожд | |||
Извор: Accuweather | |||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
Во битката за титулата во шампионатот на конструкторите, тимот на Мерцедес АМГ овој викенд ќе атакува по осмата последователна победа од почетокот на 2019 сезоната за понатамошно зголемување на својата предност над своите ривали. Сребрените стрели во моментов имаат 295 поени, 123 повеќе од Ферари, и Ред Бул на третото место со 124 освоени поени.
Во неизвесната битка во средината на табелата, Мекларен во моментов е четврти со 30 поени, само два повеќе од Рено, тим кој доаѓа на својата домашна трка со досега најголемот улов на поени за време на Канадското Гран При, одржано пред две недели.
Комплетниот временски распоред го имате на следниот ЛИНК.
Пирели ги стави на располагање средните три смеши од нивниот опсег, истата комбинација која се користеше во Австралија, Кина и Азербејџан, а тоа најверојатно ќе доведе до разни тркачки стратегии со едно или две застанувања во бокс. Црвените се C4, Жолтите се C3 и Белите гуми се напарвени од C2 смешата.