Чарлс Леклерк: "Јас на крајот може да се каже дека имав добра трка. Ова беше една од највозбудливите трки во мојата Формула 1 кариера до денес. Од внатрешноста на кок-питот, дуелот со Макс беше навистина за ужување и сметам дека оние што не гледаа дома или на патеката исто така мислат дека им приредивме добро шоу."
"На некој начин, морам да кажам дека она што се случи во Австрија ми дозволи да разберам колку агресивен може да бидам во трката и не попуштав лесно. Имав добра борба и со Пјер, за да го престигнам, морав да бидам бескромпомисен, бидејќи тој беше многу брз на правците. Од техничка гледна точка, мислам дека треба дополнително да го подобриме нашето тркачко темпо и менаџирањето со гумите, бидејќи денес имавме проблеми на двете полиња."