Овој автомобил Panhard & Levassor (стартен број 13) со 3.5-литарски Daimler мотор го освои четвртото место. |
Илјадници гледачи дојдоа да бидат сведоци на настанот и го направија стартот многу незгоден бидејќи патиштата не беа затворени за јавноста. Во извештајот подоцна се вели: "Конвојот е воден, следен и гонет од бројни велосипедисти, исто така, од страна на голем број возила со механички погонски систем кои се справуваат со маршрутата како аматери."
Panhard & Levassor |
По паузата за ручек во Мантес, првиот автомобил стигна до финишот во 17:40 часот, по што следеа уште 16 возила кои што ја завршија трката. Девет од 17-те финалисти беа придвижувани од 3.5 КС (2.6 kW), двоцилиндрични V-мотори кои биле измислени од Готлиб Дајмлер и биле произведени во Франција според неговите првични планови. Автомобилот со 5 КС (3.7 kW) Бенц беше исто така меѓу возилата што ја завршија трката.
Првата награда им беше доделена на конкурентите "чиј автомобил е најблизок до идеалниот" наведен во прописите и беше доделена на два Француски производители на автомобили, Panhard and Levassor и Пежо.
Двете возила беа придвижувани од "Système Daimler" - моторот на Готлиб Дајмлер со 3.5 КС. Во образложението, судиите ја пофалија иновацијата на Дајмлер: "Моторот Дајмлер, развиен од надарен инженер од Виртемберг, г-дин Дајмлер, кој беше присутен вчера во Руан за да учествува во триумфот на своето дело, го претвори бензинот во практично решение."